Вечерва со почеток во 20 часот во Офицерски дом Битола ќе се одржи Модна ревија насловена „Бесконечност“/Infinity на креаторката Анастасија Зулевска.
Влезот за ревијата е бесплатен.

Креаторката Анастасија Зулевска, 26 години неуморно твори и создава дела кои остануваат запаметени и по долги години. Бесконечност затоа што уникатните парчиња немаат рок на траење, немаат време и ограничување во изразот.
Модната ревија има две колекции по 15 уникатни модели: едната колекција е составена од спортски тренерки, кои се повеќе наменски поради својата уникатност. Тие ќе можат да се носат и на спортските терени но и во секојдневието, затоа што ќе бидат прилагодени и за денски и вечерни активности; другата колекција е составена од сценски/ свечени модели или уникатни парчиња кои ќе бидат наменети за настапи и изведби на сцена, секое парче изрботено со посебен печат и изразена индивидуалност.

Спој на спортски стил и модерна елеганција, фузија на стилови кои често можат да бидат забележани по Широк Сокак. Битола е град на модата. Битолчани и битолчанки сакаат да бидат дотерани и да изгледаат убаво и модерно во секоја прилика. Следејќи ја модната традиција оваа ревија ќе даде допринос во уникатноста и визуелниот изглед на битолчани, вешто избегнувајќи ги модните трендови кои ја искривуваат сликата на вистинските вредности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…