sara mladi korupcija

Корупцијата е еден од најголемите проблеми во современото општество. Сведоци сме дека секој ден сè повеќе се појавува како главен фактор кој го обликува животот на сите нас. Младиот човек во ова чудна ера не се среќава само со проблемите кои ги носат економијата, образованието или правото, туку и со системот кој на многу нивоа е трул, а со тоа го нарушува праведниот пристап до можности и ресурси.

Пак се враќаме назад со фактот дека корупцијата го креира системот на нееднаквост и недоверба во институциите, а за младите тоа значи дека не можат да гледаат во иднината со уверување и оптимизам. Секојдневните опструкции, недостигот на транспарентност и правичност создаваат општество кое не е во состојба да ги негува младите таленти, а на крајот и да ги задржи во земјата. Многу наши познаници ја гледаат својата иднина таму некаде далеку, бидејќи веруваат дека на туѓото тло ќе имаат поубави услови за живот и работа. На крајот на денот, многу мал процент од оние кои купија карта во еден правец тоа го направија поради финансиски причини.. сите ние бараме мир. За нас младите, корупцијата не е само поим, туку нешто што го чувствуваме секој ден одново и одново. Се среќаваме со нелегитимни барања за поткуп, кои се појавуваат во секојдневни ситуации – од вработување, до добивање на образовни стипендии или дури и во здравствените установи. На многу начини, корупцијата нè спречува да ги оствариме своите права. Ова создава чувство на безнадежност, бидејќи на крајот од денот стануваме свесни дека успехот не зависи од нашата способност или напорност, туку од тоа колку ќе можат да се „средат“ работите зад сцената.

Меѓутоа работите се менуваат, ние младите не сме само гледачи на состојбите, напротив, многумина активно се борат за промени. Во време на дигитализација и глобална поврзаност, тие не се повлекуваат – тие имаат средства и знаење да ги истакнат своите ставови.

За каква иднина сонуваме?

Иднината која ја посакуваме е светла полна со отвореност и интегритет, каде што корупцијата нема место. Ние сме тие кои ја гледаме иднината како општество во кое сите ќе имаат подеднакви шанси, каде што ќе се вреднуваат знаењето, трудот и посветеноста, а не врските или парите. Токму таква иднина која ќе биде изградената врз доверба, со јасни правила и меѓусебно почитување. Ние ќе бидеме генерација на промени кои мора да се случат, двигатели на светлината и прогресот.

jk travel hoteli vo grcija
Незнаењето вика, мудроста молчи
Сократ некогаш прашал:„Ако ме удри магаре, дали треба да го тужам, да …
Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, заштитници на лекарите
На 14 јули, православната црква ги слави Светите браќа Кузман и Дамјан, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…