O8

Од страна на организаторот на меѓународната детска ликовна изложба „Виножито” која за 2О23 година ја носи темата „Одржливо постоење – нова иднина“, а е во реализација на Детски клуб „Curtea de Argeş” – Романија, синоќа беа објавени резултатите од годинешниот меѓународен детски ликовен конкурс на кој преку Билтен беа соопштени оценетите и освоените први три места во секоја категорија.

O9

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола на овој конкурс учествува исто така од неговото основање – поточно од 2006 година.

На годинешното 16-то издание кое се рeализира во соработка со Министерството за образование и наука на Република Романија освоен е уште еден огромен успех за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола при што ученичката Маргарита Велјановска е прва во својата возрасна категорија од 14 – 18 години. Освоени се и 10 признанија.

O5

На конкурсот пристигнаа 7.ООО дела од 35 земји од светот.

O3

Како што извести професор Руксандра Сокачиу кој и претседател на координативното тело на организацијата успесите на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола се константни за сите 16 години постоење на овој еминентен светски детски ликовен конкурс и изложба што самото по себе говори за квалитетот и посветеноста на студиото во работата со млади ликовни таленти.

O1

Од студиото ја најавуваат и во основа веќе потврдената програма за 2О23 година.

O7

Следат 20 конкурси на кои традиционално учествуваме од нивното формирање зашто и самите како организација сме постари од сите нив. Што се однесува пак до проектите прв е Малиот Монмартр во Софија – Република Бугарија кој ќе се реализира првата недела во јули како второ издание по минатогодишниот Мал Монмартр во Пловдив.

Во периодот на август со партнер организација имаме еднодневна ликовна колонија во Вевчани, а во септември во периодот од 7-ми до 9-ти патуваме за Тирана каде при КИЦ на Македонија во Тирана ќе имаме изложба по повод Денот на независноста на Македонија. Октомври традиционално ќе се патува на 24 издание на светската детска ликовна колонија во Евора – Потругалија која е под УНЕСКО за каде иако 30 години имавме поддршка од Министерството за култура оваа година сме “наградени” со нула денари, но ние ќе патуваме.

Минатогодишните освоени второ и трето место на нашите 2 ученички во конкуренција на над 5О учесници од 15 земји ни се доволна причина на прашањето “зошто мора да сме таму?”.


Во ноември имаме предвидено изложба на дела од минатите колонии на Мал Битолски Монмартр во Прилеп, а предвидени се и работни посети со Директорот на УНЕСКО како и идниот Еврокомесар за образование – култура – млади – иновации и истражување. Ние сме решени статусот на организацијата која државата го игнорира да го поставиме на сериозни темели иако безусловно секаде ја промовираме Македонија и Битола. И тоа сеуште на некого му смета.

На 15 јули исто така ќе “прославиме” и една година откако МОН ја прекина 3О годишната поддршка на студиото т.е. 365 дена како министерот и покрај тоа што тоа го побараа од него и 30 наши партнерски организации па дури и два пати и Премиерот и Претседателот на Македонија нема одговор на прашањето “зошто?”.
Битно организацијата ги надмина опструкциите и функционираме.


Наше, како раководство, е да потсетуваме дека при ова огромно промовирање на Македонија и Битола во светски рамки е двосмерна улица за бирократијата, а на учениците е само да сликаат и ликовно да го негуваат и надградуваат својот ликовен талент, а пред се другаруваат со своите врсници од цел свет.

Воедно очекуваме и потврда од ИОК за шесто по ред учество на Летните Олимписки Игри за 2О24 година кои ќе се одржат во Париз – Франција при што би сакал да напоменам дека ние сме составен дел од Олимписките Игри од 2000 година што е сериозно ендемична појава во светот на спортот.” – изјави Славчо Неделковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…