nagr

Меѓународниот собир на децата на Европа како Манифестација е основан од Градската управа на Град Белград додека реализатор е Детскиот културен центар на Белград, додека главен покровител е Министерството за култура и информирање на Република Србија.

Настанот „Радост на Европа“ воедно е еден од ретките кој е носител на ознаката за квалитет ЕФФЕ а доделена од Европската комисија. Се организира 55 години а 25 и како интернационален светски детски ликовен конкурс.

На адреса на Детскиот културен центар Белград годинава пристигнаa над 5.OOO дела од градовите низ цела Србија како и од Австрија – Бугарија – Белорусија – Босна и Херцеговина – Црна Гора – Кина – Чешка – Франција – Грција – Хрватска – Индија – Латвија – Литванија – Германија – Полска – Романија – Северна Македонија – Русија – Сингапур – Словенија – Словачка и Турција.

Ученичката Маргарита Велјановска од ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола со ликовно дело на слободна тема го помина процесот на селекција од своите 2О колеги од Битола и го освои високото 1О-то место т.е. високата награда за индивидуално истакнување и ликовен пристап во категоријата талентирани ученици и млади ликовни уметници од 13 до 15 годишна возраст под менторство на координаторот за ликовни активности при ДЛС – Томислав Стерјев.

Воедно ДЛС го потврди во последен час и учеството на 24-тата светска детска ликовна колонија во Евора – Португалија која е под покровителство на УНЕСКО. Откако претходно на светскиот детски ликовен конкурс “Евора 24” учениците на ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола освоија три златни – два сребрени медали и пет почесни награди.

На овогодинешниот конкурс на Евора учествуваа над 3O земји кои генерираа фонд од над 1О.ООО детски ликовни дела а трите најпрестижни награди за најдобри школи заминаа за Хонг Конг [ Кина ] – Лисабон [ Португалија ] и Трабзон [ Турција ] соопшти Теодолинда Паскоал – Претседател на организацијата која воедно беше и Претседател на Жири комисијата на 42 издание на Малиот Битолски Монмартр.

“Како и што изјавивме на самиот крај од Мал Битолски Монмартр кога пристигнаа резултатите од Евора – ние за Португалија ќе патуваме. Одлуката на домаќинот со поддршка на над 1О земји учеснички и лични средства е да патува ученичката Леа Стерјев која минатата година на оваа светска детска ликовна колонија која пак е произлезена од “Мал Битолски Монмарт” го освои второто место. Имено ние 2О22 година со 2 ученички во конкуренција на 15 земји и 5О учесници ги освоивме сребрениот и бронзениот медал. Сега најавено е учество на над 1ОО учесници од 3О земји.
Колонијата ќе се реализира во периодот од 1 – 11 октомври 2О23 година во Евора со посета на уште пет градови и локации низ Португалија. За негативното мислење на Министерстовото за култута поднесовме Жалба. Истата беше прифатена како Основана од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен на Македонија.
Ние секогаш сме добивале средства за УНЕСКО изложбите и колонииите. Министерството за култура сепак ја повтори својата Одлука дека нула денари се нула денари на што ние повторно поднесовме Жалба и сеуште чекаме второ – Решение од Државната комисија на чии членови мандатот им заврши на 29 август. Во Евора ќе бидат гордо претставени ДЛС – Битола и Македонија по 24 пат и срамот за негрижата не е наш дотолку повеќе што сме единствените и редовно високо наградени претставници од Македонија 24 години по ред.” – изјави Славчо Неделковски – претседател на Управниот одбор на ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола.”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…