Sequence 01.00 23 07 08.Still042

Синоќа на платото на Офицерскиот дом во Битола се одржa вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме”. Концертот предизвика голем интерес кај битолчани кои дојдоа во голем број и уживаа во изведбата на 12-те најубавите македонски легендарни песни чија преработка во современ аранжман ја направи познатиот композитор и музичар, маестро Николче Мицевски.

На сцената публиката ги слушна Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски. Носител на проектот е Скендеровски продукција, чија цел е да се зачува музичкиот аманет кој го оставиле претходните генерации.

На воодушевување на битолчани, концертот беше збогатен со членовите на битолската коњаница Галоп кои со факли и развеани знамиња уште повеќе ја загреаја атмосферата пред Офицерскиот дом.

meblo trejd cestitka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Галерија од Празничната атмосфера од Пелистерскиот Новогодишен базар

Магичната бајка за време на новогодишните и Божиќните празници. Забавата која цела…

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Куќата на семејството Никлески во Битола е вистински цветен рај

Семејството Никлески од Битола, веќе две децении својот дом, во текот на…

Ве водиме во еден од најубавите градови во светот – Лисабон

Репортажа на Сара Трајчевска Ако имате прилика да го посетите Лисабон во…