Делегација на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола во периодот од 25 – 31 октомври 2025 година престојуваше во работна посета на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Домаќини на претседателката Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на управниот одбор на организацијата Славчо Неделковски беа средното уметничко школо „Иван Горан Ковачиќ” од Кисељак и градоначалникот на оваа општина.

„Соработката со средното уметничко школо “Иван Горан Ковачиќ” од Кисељак започна пред четири години кога беа за прв пат поканети со учество на најстарата и најголемата детска ликовна колонија во светот „Малиот Битолски Монмартр”.
Учениците благодарение на својот професионален пристап подготвија солиден тим кој постигна големи резултати а таа прва година ученик на ова школо беше прогласено за најдобар учесник на колонијата.

И тоа за почеток воопшто не беше ни мал ни скромен успех па соработката продолжи а квалитетот се зголемуваше. Минатата 2О24 година бевме поканети со поддршка на градоначалникот на Кисељак да реализираме изложба на дела од „Мал Битолски Монмартр” која ја прифативме со мала доза на резерва затоа што за тој регион и немавме некое конкретно познавање на локалниот менталитет по однос на детското сликарство.



И секако се изненадивме затоа што она што во Кисељак им се нуди на младите ученици – идни ликовни уметници го нема на солиден број високообразовни установи а самиот град има огромна традиција на нега на сите форми на уметност.
Така со своите домаќини решивме изложбата да стане традиционална под насловот „Битолски Монмартр во Кисељак ” со опции во иднина да разговараме за развој на самиот проект.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска, претедателка на ДЛС.

Во Кисељак оваа година беа претставени 65 ликовни дела од исто толку млади ликовни уметници од точно 15 земји кои беа учеснички на 44 издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” за 2О25 година, а истата беше поставена во уметничкиот павилјон во Кисељак и за свечено отворена ја прогласи градоначалникот на градот.





„Ова е резултат на колективниот ангажман на целиот тим на школото на чело со директорката Мирјана Медиќ како и професорките Ивана Рибичиќ и Лидија Кусин.
И тоа меѓународната жири комисија на „Мал Битолски Монмартр” во 2О25 година го препозна по неколку параметри – прво со именувањето на професорката Лидија Кусин за ко-претседател на меѓународниот управен одбор на “Малиот Битолски Монмартр” со мандат за 2О25 и 2О26 година и доделувањето на високата награда „Професор Светлана Вешиќ Ралевиќ” за исклучителен педагошки пристап во работата со младите ликовни уметници и нега на талентот кај младите за 2О24/2О25 година за професор Ивана Рибичиќ.

Се реализира и работна средба со градоначалникот на Кисељак нашиот пријател г-дин Младен Мишуриќ – Рамљак на која се потврдија плановите во 2О26 година да ја реализираме и првата детска ликовна колонија во Федерација Босна и Херцеговина со учесници и од Македонија за почеток. И ова е голем чекор за сите нас.
Беа реализирани и неформални средби со г-ѓа Лидија Брадара која е претседателка на Федерацијата Босна и Херцеговина и г-ѓа Лилјана Ловриќ која е заменик министер за надворешна трговија и економски развој. И тоа се значајни средби затоа што поддршката на сите нивоа беше потврдена со акцент на Владата на Кантон Средна Босна каде Кисељак и припаѓа и министерот за образование, млади, спорт, култура и наука г-дин Бојан Домиќ бидејќи сепак се работи за формална образовна институција.

Во периодот на посетата се реализираа и посети на манастирите во Краљева Сутјеска и Гуча Гора како и посета на тврдината во Травник и манастирот и теолошка школа во Високо.
И со тоа се заокружи минатогодишното патешествие на запознавање со богатата историја на овој регион кога беа посетени и манастирите во Крешево и Фојница.
Во кратки црти голема посета на едно мало место во срцето на Босна која ќе носи огромни соработки во иднина и тоа се добробитот на младите ликовни таленти идни ликовни уметници”. – истакна Славчо Неделковски.




Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола 24 часа по враќањето од Босна ја започна својата 3-та детска ликовна колонија во соседна Бугарија овој пат насловена како „Мал Монмартр во Софија и Пловдив”.








