aleksandar ortak revija

Синоќа во Офицерски дом Битола битолчани уживаа во спојот на традицијата и сегашноста низ модната призма. Модниот креатор Александар Ортаковски инспириран од традицијата ги претстави своите креации на ревијата Македона – женска облека инспирирана од народна носија.

Александар за Читај бе изјави:

„МАКЕДОНА е Македонија, МАКЕДОНА е Дона. МАКЕДОНА е македонската мајка, баба, сестра, тетка, стрина, вујна, другарка, девојка,… – македонската жена, дама,…

МАКЕДОНА е колекција на дизајнерска женска облека инспирирана од народната носија, со која на модерен начин сакав ја доловам сликата за величенственоста на македонската жена.

Колекцијата ги содржи правите линии и форми, препознатливи за ТАО, и основните бои кои се дел од народната носија од било кој предел на Македонија. Парчињата се изработени од висококвалитетни материјали, во комбинација со рачно изработени плетки, чипки,…кои на модерен начин ја отсликуваат традицијата на вредната македонска жена.

МАКЕДОНА се состои од повеќе парчиња искомбинирани во 10 креации. Секој елемент на овие креации е инспириран од различен елемент на народните носии. Целта ми беше да ја претставам современата жена преку призмата на народната носија, истакнувајќи ја убавината, карактерот и сензибилитет на македонската дона”.

Фотограф: Саше Богоевски

Незнаењето вика, мудроста молчи
Сократ некогаш прашал:„Ако ме удри магаре, дали треба да го тужам, да …
Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, заштитници на лекарите
На 14 јули, православната црква ги слави Светите браќа Кузман и Дамјан, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.…

Ве водиме во еден од најубавите градови во светот – Лисабон

Репортажа на Сара Трајчевска Ако имате прилика да го посетите Лисабон во…