megu naroden den bile

Македонскиот јазик е епоха во европската цивилизација – ова светот го знае. Во моментов кога претпоставувам дека има обиди за сериозно национално будење – како и секогаш најголем влог ќе дадат оние кои најмногу го познаваат идентитетот на Македонецот кој е кодиран на македонски јазик и по форма и по содржина, верување и знаење.

Македонската држава, Македонија има два столба: македонскиот јазик и македонската црква и во двата системи воведничар е жената. Јазикот е мајчин, а црквата – мајка. Звучи ограничено – знам, но, јазикот е жива материја која постојано е подложена на промени, а црквата, она што е најинтересно, ги документира сите промени, она што е вообичаено за општеството – колективниот заборав.

Голема е привилегијата и одговорноста да се биде Македонец – државите кои имаат милионски градови имаат помал глобален притисок, но македонското општество нема толкав капацитет, да бидеме искрени. Друго е тоа што на голема врата си работат маркетинг екипите кои се додворуваат со пакети за инстант живеење кое наликува на западната кинематографија, а е далеку од западната реална реалност.

Јазикот во едно општество може да се толкува во сите домени кои се  застапени во животот на човекот – состојбата на теренот покажува дека говорителите на македонскиот јазик всушност имаат ограничен фонд на зборови, а не е мал фондот на зборови на македонскиот јазик, напротив, ако ја земеме предвид македонската поезија – македонскиот јазик е неоткриен свет.

Јазикот е средство за комуникација, меѓу двајца и повеќе луѓе. Средство преку кои тие се разбираат меѓу себе – го парафразирам Мисирков.

Значи за да се разберат двајца луѓе треба да разговараат, да се искажат меѓусебно, а не само да типкаат получитливи преписки на социјалните мрежи – поддржани со емотикони. Без комуникација нема соживот.

Имате забележано дека нашите деца кога ќе се родат прво остваруваат средба со  камерата од телефонот, па после со мајката… ние говориме за мајчин јазик, а децата го минаа детството пред екрани.

Мајчин јазик се нарекува бидејќи некогаш одамна мајката била таа личност која ја имала најголемата чест да го воспита и поучи својот пород на чест и човечност на нејзиниот јазик. Природно е детето најголемата љубов да ја добие од неговата мајка, најтоплите зборови да ги научи од нејзе и тие да му се водилка низ животот додека се формира како човек кој треба да допринесе за добробит на средината во која живее. Па оттука ја влечам една од моите омилени реченици: „Мајчината утроба е татковина на светот“.

Научете да ги читате луѓето – затоа што не секогаш ја говорат вистината
Секој од нас, барем еднаш се соочил со ситуација кога некој му …
Не го трошете животот на луѓе кои не го заслужуваат тоа
Не го трошете животот на некои луѓе чии заеднички денови беа повеќе …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Македонскиот идентитет во 21-ви век: Што значи да се биде Македонец?

Да бидеш Македонец денес, не значи да припагаш на географска територија именувана…