Kiril Dzajkovski nas

На 16-ти јуни, во Националната опера и балет, Кирил Џајковски одржа целовечерен концерт, придружуван од 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин. Уште еднаш се потврди дека музичкиот јазик на Џајковски има уникатна вредност што е препознаена од публиката.

Вчерашниот концерт беше резиме на творештвото на Кирил во применетата, филмска музика — комплексно патување низ неговите дела, каде што публиката не остана само пасивен консумент, туку се ангажираше како проактивен учесник.

Концертот започна со антологиските музички парчиња од филмот Прашина, а продолжи со познатите теми од Балканот не е мртов, Врба, Бал-кан-кан, Piargy, Трето полувреме — со што публиката се присети на легендарните музички теми кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издигнува филмските сцени, туку живее и независно од филмот.

Еден од највпечатливите моменти на концертот беше изведувањето на темите од филмот Големата вода, кои важат за едни од највпечатливите дела од македонската филмска музика, но и сведоштво за раскошниот талент на Џајковски.

Крешендото на ова композиторско волшепство беше заокружено со хорска придружба во последниот дел од концертот. Кирил уште еднаш потврди дека со своите уметнички визии и композиторски капацитет претставува уникатно современо културно наследство.

Концертот беше одлична можност еден од најпродуктивните композитори на филмска музика на Балканот да го претстави својот извонредно обемен и исклучително значаен опус пред македонската публика. Проектот ќе го продолжи својот живот со настапи низ регионот и Европа во периодот што следува.

фотограф: Кире Галевски

Солта е неопходна, но и опасна: Научете ја вистинската мера
Солта е клучна за нашето здравје, бидејќи учествува во извршување на многу …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …
banner strezevo
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…