filmot m

Филмот „М” на Вардан Тозија освои уште една голема награда, откако е прогласен за апсолутен победник на Интернационалниот филмски фестивал „Гримфест” во Манчестер. Македонскиот филм, во продукција на Фокус Покус, ја имаше својата британска премиера на шестаесеттото издание на “Гримфест”, кој се вбројува во најзначајните жанровски компетитивни фестивали во Велика Британија. Одржан од 3-ти до 6-ти октомври во Odeon Great Northern, главната селекција на годинешниот фестивал вклучуваше 21 долгометражен филм од сите делови на светот, во најголем дел светски или британски премиерни прикажувања. Со извонредна постава на хорор, научно-фантастични и фантастични филмови, фестивалот кулминираше со долгоочекуваното објавување на победниците на наградата Grimm Reaper, наградувајќи ги најдобрите во различни категории. Големиот добитник на наградата за најдобар филм беше „М” на Вардан Тозија, филм што го воодушеви жирито со својот емотивен интензитет и длабоко тематско истражување. Жирито подвлече дека „М” беше истакнат во речиси секоја категорија во која се натпреваруваше, што го прави јасен избор за годинешното главна награда. 

Screenshot 2

-Наградата за најдобар филм ја доби „М” на Вардан Тозија. Дистописката приказна која доаѓа од Северна Македонија и следи мало момче кое патува само како последица на пандемијата што го опустоши човештвото, пренесе престижниот Screen Daily непосредно по доделувањето на наградите.

Screenshot 3

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…