sv nektari121

Со свечена литија низ Широк Сокак со светите мошти на Свети Агатангел Битолски, денеска Битола му оддаде почит на својот заштитник, Свети Нектариј Битолски.

На утринската богослужба која се одржа во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, митрополитот преспанско-пелагониски Петар, порача дека овој светец е заштитник на сите битолчани, без разлика на нивната вера, а токму во тропарот на Свети Нектариј стои дека Битола го воспитала него.

Но Владиката Петар во својата проповед забележа дека битолчани многу малку му оддаваат почит на својот заштитник, споредувајќи ги со прилепчани кои посветено, ревносно и пред се со духовна радост го прославуваат својот заштитник Свети Никола.

Владиката истакна дека кога служи на празникот во Прилеп, храмот е исполнет уште пред тој да пристигне, додека во Битола црквата нема толку верници колку што би требало да има на празникот посветен на Свети Нектариј Битолски кој е заштитник на градот, но и дека верниците не доаѓаат навреме туку на крајот на службата.

Свети Нектариј Битолски како патрон на градот Битола организирано се прославува од 2008 година од страна на Општина Битола и Преспанско-пелагониската епархија.

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…