rek bitola

Во насока на динамизирање на инвестициските планови и интензивирање на активностите за обезбедување стабилно производство на електрична енергија во зимскиот период, Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување координатори во двата клучни енергетски капацитети во државата. За координатори со целосни овластувања за раководење со комбинатите се именувани Иван Куковски во РЕК Битола и Владимир Пејоски во РЕК Осломеј.

Куковски е истакнат стручен кадар со исклучителен придонес во работата на компанијата и потврден професионалец кој изминатите децении остави траен белег во развојот на македонскиот електроенергетски сектор. Во неговата богата кариера извршувал високи и одговорни функции, меѓу кои и во ХЕС Маврово, како и функцијата директор на производство во АД ЕЛЕМ до 2017 година, а до јуни минатата година ја извршуваше функцијата претседател на Надзорниот одбор на АД ЕСМ.

Пејоски, кој воедно е актуелен директор за развој и инвестиции и член на Управниот одбор на АД ЕСМ, е докажан експерт со титула магистер по технички науки и дипломиран машински инженер. Најголемиот дел од својата професионална кариера го помина токму во РЕК Осломеј, каде детално ги познава сите оперативни и технички процеси. Под негово водство, Секторот за развој и инвестиции иницираше сериозни проекти за енергетска трансформација по долг период на стагнација, при што Пејоски одигра клучна улога во забрзувањето на проектите за фотонапонски електрани и реализацијата на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, како дел од стратегијата за „зелена“ транзиција на компанијата.

Одлуката на Управниот одбор се темели на уверувањето дека долгогодишното искуство и познавањето на состојбите во РЕК Битола и РЕК Осломеј од страна на новоименуваните координатори значително ќе придонесат за зголемување на доверливоста на комбинатите. Нивниот ангажман ќе биде примарно фокусиран на успешна реализација на енергетскиот биланс и одржување стабилен енергетски систем во претстојните зимски месеци.

Орхан Памук: Мудрости што остануваат запишани во времето
Овие цитати на Орхан Памук одекнуваат низ времето. Овој турски писател и …
Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…