slika biljana

За мене лично, сложениот епитет Македонија – Швајцарија на Балканот е навреда. Со денови правам ретроспекција и ми се наметнаа прашањата: Каде и кому му ја продадовме нашата топла, традиционална човечност? Без потег на спротивставување –  нашиот идентитет се слеа во таканаречениот космополитизам и со брзина на светлината вистинската историја прераснува во мит.

Нејсе, друг ми беше зборот. Бетонот го голтна градот, а ѓубрето ја испи реката.

Зошто упорно се намалуваат зелените градски површини?

Зошто се дозволува имот на правни лица кој не е во функција да биде сврталиште на наркомани, пијаници, уличари – извор на зараза? Мириса- корни на уринарни култури.

Зошто упорно некој се труди човекот да го очовечи?

Зошто човекот дозволува да биде очовечен?

Оваа апатија којашто владее веќе има и дијагноза и медикаментозна терапија – дали е во ред?

Која сум јас да говорам?!

За некого никој и ништо, за некого сѐ.

Се гордеам што ги надраснав некои колективни мнениа. Не се вклопувам во големата рамка.

Стравот е современо оружје кое е така претставено – човекот сам себеси се убива.

Гледајќи ја од некој вселенски ќош оваа претстава на човечка изгубеност, Албер Ками и Франц Кафка си дофрлаат – „Ова е мое дело,не, ова е твое дело…“  и така.

Оваа темa не е политичка, не веќе, оваа тема е за секој индивидуалец кој се смета за интелектуалец, а сите сакаат така да е нарекуваат.

Повеќе од доволно е секој да го прави она што може.

Како што е на небото, така да биде на земјата!

Отворање на новите простории на Општинската Организација на Црвен Крст Битола наменети за социјалните услуги
Отворањето на нови поглавја во реализирањето на хуманата мисија е во тесна …
Воведение на Пресвета Богородица во ерусалимскиот Храм
Еден од големите Богородични празници е и празнувањето на споменот на Воведението …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…