1 10 696x418 1

Кочо Рацин, роден како Коста Апостолов Солев на 22 декември 1908 година во Велес, е значајна фигура во македонската книжевност и се смета за еден од основоположниците на современата македонска поезија. Неговото дело „Бели мугри“, објавено во 1939 година, е едно од најзначајните во македонската литература и претставува симбол на македонската борба и идентитет. Неговата поезија ја одразува социјалната реалност и борбата за социјална правда. Загинал на 13 јуни 1943 година, а неговата смрт и денес е обвиткана со мистерија.

Се к’ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!

Пробудете се морни
копачки и копачи –
на трудот
црн
народ!

Со мотика на рамо
за корка сува леб,
по патиштата стрмни,
по полињата paмни,
у вивналиов ден
да тprнeмe и ние
страдалници од век!

На деда Богoмил
земjата poвка, мека,
наба6рена за poд,
со страдна душа чека
ударите ни jаки
со мотиките остри
по троскот
пелин
трат!

На работа!
На труд!

Да прокопаме меко
полињата родни
афион, тутун, житце
да родат благородни.

И по кривите вади
да пропуштиме води
за оризите млади
и зелени лободи.

На работа!
На труд!

Да роди род богат!
Да бликне живот млад!

На пепел троскот, пелин
во огин пламен jад!

Жилите да пуштат
корења длабоко
плодови да бликнат
високо, високо
слободно
на воздух!

Ораме со рало,
но земjата ни златна
колку е богата!

На пепел троскот, пелин!
Во огин пламен јaд!

Да престане, да снема
тагата голема
за голиот живот
на човек
станал –
скот.

И в тaјa мугра пресна
да екне дружна песна
на дружните удари –
та биjат срца млади
и растат силно гради
пребликнати со јaд!

Од сички маки тешки
не видовме бел ден,
а од солзи жешки
не стануе меден
нашиот живот!

На работа!
На труд!

Та не сме саде ние
та не сме саде тука –
ние сме по цел свет
безброjни
милиони
на трудот
црн –
народ!

Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!

Ќе мине силен ек
ќе б’сне сонце златно –
по секаде на светот
ќе згине срамно гнетот –
ке л’сне живот нов!

И реки ќе потечат,
и време ќе одвлечат
на вековита смрт!

Реките од живи
и пробудени сили
на копачи
копачки
и страдни
голи
гладни
по целата земjа!

Се к’ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…