Најбараното музичко име на Балканот, Ана Ѓуриќ Констракта, ќе ја круниса овогодишната програма на EXIT фестивалот во недела, 10 јули, и тоа со светската премиера на единствениот мултимедијален перформанс! Со овој концерт, на кој нејзиниот препознатлив музички белег ќе биде надограден со виџејство и кореографии, Констракта се придружува на големите светски имиња, меѓу кои се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, Iggy Azalea, Afrojack, James Arthur, Masked Wolf, Jax Jones, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex и многу други.
На Exit сум била и како посетител, и како дел од ’Мистејк Мистејк’ и ’Земља грува’, и како водителка една година, а оваа година сум на Главна бина како Констракта, така што се гледаме“, порачува Ана Ѓуриќ Констракта!
 
Иако делува како нејзиниот успех да се случи преку ноќ, Ана Ѓуриќ на музичката сцена е веќе 20 години, а ова е моментот кога нејзината генијалност доаѓа до полн израз. Српската музичарка со атипичниот звук на песната „In Corpore Sano“, со која ќе ја претставува Србија на Евровизија, не престанува да ги воодушевува и публиката и медиумите на нашите простори.
 
На оние кои претходно не је следеа нејзината самостојна работа им донесе целосно освежување и автентичност, но и зачуденост над нејзиното творештво. „In corpore sano“ е дел од проектот Триптих, во кој се и песните „Nobl“ и „Mekano“, а авторка на сите текстови е Констракта. „Триптих“, освен општествено ангажираната порака, носи и визуелен концепт кој исто така го осмисли Ана Ѓуриќ, заедно со Маја Узелац и Ана Родиќ.
 
Својата самостојна кариера Констракта ја започна во 2019 година со песнитеŽvakeиNeam šamana“, кои се жанровски иновации, проследени со оригинални и интересни видео-спотови.  Ана Ѓуриќ своите музички корени ги влече уште од бендот „Мистејк Мистејк“, со кој настапуваше до 2007 година. Таа година членовите на бендот – Зое Кида, Емси Милован и Констракта го формираа бендот „Земља грува“, Грувленд издаваштвото и Грувленд продукциското студио, кои стануваат столб на сите следни проекти на овој колектив.
 
Квалитетот на изодениот музички пат кој во меѓувреме го поминаа е потврден со неодамнешното потпишување соработка на Грувленд со светската издавачка куќа Virgin Music Label & Artist Services, која е етикета во склоп на големиот Universal Music.
 
Бендот „Земља грува“ до сега има објавено два лонгплеј албума – „WTF is Gruvlend?“ (2010) и „Šta stvarno želiš?“ (2016), потое ЕП изданието посветено на Дино Двроник и повеќе синглови, на кои нумерите на Констракта остваруваат голем успех. Од најголемите хитови на бендот, со кои ја обиколи цела поранешна Југославија, се издвојуваат песните „Nisam znala da sam ovo htela“, „Đango“, „Plodni dani“, „Jednom je sada“, „Tuga“, „Mama“.
  
EXIT фестивалот ќе се одржи на Петроварадинската тврдина од 7 до 10 јули, со потврдените големи музички имиња како што се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, Iggy Azalea, Afrojack, James Arthur, Masked Wolf, Joel Corry, Jax Jones, Alok, ATB, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex, Reinier Zonneveld, Monolink, Denis Sulta, Mathame, ZHU, ACRAZE, Sama’ Abdulhadi, ANNA, Sepultura, Napalm Death, Marky Ramone, Molchat Doma, She Past Away, Konstrakta, Brkovi, Paraf, Vizelj, Coach Party, Sana Garić, Prti Bee Gee и многу други, а пристигнуваат и објави на нови изведувачи!
Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3700 денари, со заштеда од 50%. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Nick Cave & The Bad Seeds се достапни по промотивните цени, а нивниот контингент е ограничен. Цената на регуларните влезници за тој ден е 1.950 денари, фан пит влезниците се достапни по подарок цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците во Македонија се продаваат преку продажниот сервис МкТикетс.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…