Денес, дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ е концертот „Барокна инспирација“ со Марко Поп Ристов – виолина и Марко Ариани – волончело, кој ќе се одржи во Офицерскиот дом, со почеток во 21.00 часот.

Марко Поп Ристов дипломирал на Royal College of Music (Лондон) во 2009 година. Се здобил со титулата Магистер по камерна музика на Музичкото и драмско училиште Guildhall во Лондон, а во истиот период го имал и своето Барбикан (Barbican) деби во 2012 година.

298565262 5317179835017269 3579473642005662470 n

На возраст од 16 години бил поканет и награден со стипендија да студира кај професор Павел Верников (Pavel Vernikov) во Scuola di Musica di Fiesole во Фиренца, Италија. Има добиено повеќе први награди на различни интернационални натпревари, како што се: Performing Australian Music (Лондон, 2008), Giovanni Batista Pergolesi (Италија, 2003) и Петар Коњовиќ (Југославија, 2001).

Свири како солист со Kensington Sinfonia (Британија), Orchestra dei Ragazzi (Италија), Битолскиот камерен оркестар и Националниот симфониски оркестар на Македонија.

Во периодот на неговиот престој во Лондон бил менториран и посетувал семинари под раководство на еминентни музичари и уметници од: Bedke Quartet, Chilingarina Quartet, Domus Quartet, Belcea Quartet, Florestan Trio и многу други.

Со неговиот Ристов квартет, Марко настапувал на фестивали и сцени ширум Европа, како Британија, Франција, Швајцарија, Македонија, Косово и Србија. Во 2010, квартетот бил поканет да настапи со Ромбах (Rombach) пијано триото на П. Дусапин (P. Dusapin) на сцената на BBC Proms. Од неговото доаѓање на Нов Зеланд во 2013 година, Марко е редовен изведувач во APO (Auckland Philharmonic Orchestra) и ACO (Auckland Chamber Orchestra) а воедно е и водач на втори виолини во Bach Musica оркестарот. Марко беше основач Villani Piano Quartet со кого од 2016 до 2019 години имаа остварено повеќе од 30 концерти ширум Нов Зеланд.

Во 2019 Марко го оформи клавирското трио Orion Piano Trio со кого во истата година остварија турнеја низ Европа со 7 концерти. По успешните концерти, во 2020 триото беше покането на две турнеи со вкупно 54 концерти во Кина и Европа, кои поради светската здравствена криза за жал беа откажани.

Во 2021 Марко доби покана и доби целосна стипендија за докторски студии на универзитет Waikato University во Нов Зеланд.

Марко Ариани почнал да свири виолончело на возраст од 7 години под менторство на Франческо Пепичели (Francesco Pepicelli). Кога имал 14 години на својот прв рецитал го изведувал Концерт бр. 4 на Џорџ Голтерман (Georg Goltermann) и продолжил да ја развива својата кариера со серија концерти во дуо и како солист низ Италија.

Дипломирал виолончело на Факултетот за Музика А. Пери (Higher Institute of Musical Studies А. Пери) во Реџо Емилиа со специјални почести под менторство на Енрико Бронѕи (Enrico Bronzi).

Неколку години учел барок и класичен репертоар на оригинален инструмент под водство на Марко Фреѕато (Marco Frezzato); а исто така во неколку пригоди бил поканет да свири барокна музика со ансамблот Europa Galante под раководство Фабио Бионди (Fabio Biondi).

Во 2012 ги изведувал сите суити за соло виолончело на Ј. С. Бах во повеќе градови низ Италија. Освоил многу награди на национални и интернационални натпревари за камерна музика, изведувајќи дуети со пијанистот Марко Џанферари (Marco Gianferrari) и триа со Trio Gentilucci. Марко Ариани долги години предава виолончело и сега е наставник при Конзерваториумот Orazio Vecchi во Модена (Италија). Свири на виолончело Jacques le Clerc од 1901 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…