interart rim

Камерното трио Интерарт од Битола оствари значаен меѓународен настап во Рим, каде на 11 август 2026 година настапи во рамките на престижниот Festival Musicale delle Nazioni – Concerti del Tempietto.

774099030 1036603525812809 1180653871202787477 n

Концертот се одржа во Chiostro di Campitelli, во комплексот на Teatro di Marcello, едно од најзначајните историски места во срцето на Рим. Пред римската публика настапија Емилија Ристевска Стефановска – флејта, Александар Стефановски – флејта и Татјана Божиновска – пијано, претставувајќи разновидна програма во која беа застапени дела од современи и класични автори: Three Dances од Gary Schocker, Ivino од Marko Videnovic, Marbella Fantasy од Andrey Rubtsov и Trio од Jean- Michel Damase.

778727439 2121444542129757 3420047097548692078 n

Настапот во Рим претставува уште едно значајно меѓународно претставување на трио Интерарт, но и можност македонските музички уметници да ја претстават својата интерпретативна енергија и камерна музичка традиција пред меѓународна публика.

751832808 1588445879593099 8695204170579481183 n

Проектот беше реализиран со поддршка на програмата Culture Moves Europe, со финансиска поддршка од Европската Унија, во партнерство со римската организација Concerti del Tempietto. Настапот во Рим е значаен чекор во континуираното меѓународно дејствување на трио Интерарт и потврда дека македонските камерни ансамбли имаат свое место на европската концертна сцена

За да се работи со деца, децата треба да се сакаат – Зад секој голем човек стои голем учител!
„Зад секој голем човек стои голем учител!“ Најблагородната професија во светот е …
Држете се настрана од негативните луѓе – уништуваат сè околу себе
Дали често морате да „се занимавате“ со луѓе кои се постојано негативни? …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…