Вечерва, Шуман и Чајковски ќе прозвучат со својата музичка раскошност во Офицерски дом во Битола, од 19 часот, на рециталот на пијанистката Горјана Стојановска.

312334331 813422413330205 5573919776157136123 n

По нејзините концерти низ Македонија во оваа 2022 година, со срце исполнето со убав трепет на емотивна трема, таа ќе настапи во својот град, родната Битола, пред својата публика.

312416055 637736544711085 3527957383334719718 n

Горјана Стојановска е родена во Битола. На осумгодишна возраст го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште – Битола, каде што и матурира во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Првите две години од високото образование на Факултетот за музичка уметност во Скопје ги поминува во класата на проф. Борис Романов, а вторите две во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска кај која и дипломира во 2017г, а во 2019г магистрира. Во 2018г се запишува на усовршуавње на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан. Академијата успешно ја завршува во 2020 година. Учествува на мастеркласи кај истакнати педагози меѓу кои: Борис Романов, Јуриј Кот, Андреј Диев, Рубен Далибалтајан, Јулија Губајдулина …. и многу други.

312548359 789421605457440 6400268612443236198 n

Горјана има освојувано бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Во својата кариера како пијанистка има реализирано бројни солистички рецитали, а во 2011 и 2014 г настапува како солист со Македонската филхармонија. Бележи настапи на повеќе фестивали како Есенски музички свечености – Скопје, Подиум на млади ( како вонредна програма на фестивалот “Охридско лето”) – Охрид, Бит-Фест – Битола.

312364390 500823335431484 2999241430637797505 n

Од 2021 г. работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

    Реализиран проект на КИЦ: изложба на македонски и канадски графички уметници во Битола и Торонто
    Културно информативниот центар од Битола оваа година реализира капитален проект од графичката …
    Излезе од печат 13. број на Списанието „Современи дијалози“
    Излезе од печат Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

    Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    За лицемерното смирение…

    Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…