Photo Kiril Koncert za filmska muzika nas

За прв пат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски. Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија),  „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One more game“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето полувреме“ и многу други. На концертот Кирил Џајковски придружуван со 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин ќе ги изведе легендарните музички теми кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања.

Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот. Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот, пред македонската публика да го претстави својот извонредно големи и значаен опус.

Photo Kiril Koncert za filmska muzika

Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6-ти април 2025г. во големата сала на Националната опера и балет со почеток во 20 часот.

Картите се во продажба на MKTickets: https://mktickets.mk/event/koncert-na-filmska-muzika-kiril/ .

Зошто несреќните луѓе сакаат да ја уништат среќата на другите?
Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со луѓе кои, …
Природна детоксификација на организмот по празниците со овој утрински пијалок
По празничните денови исполнети со тешка храна, слатки и помалку движење, организмот …
Водовод Битола

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…