stojanka rek bitola

Често наречена кревка, нежна, плашлива… но жената денес, во 2025 година, ќе ја сретнете на работно место кое можеби никогаш нема да ви падне на памет. Но, такви се жените, амбициозни, посветени, силни и истрајни.

Ако пред 116 години се бележат првите обиди за промена на ставот и погледите кон жената, пред 15 години револуционерно тие сомнежи ги скрши Стојанка Јовановска.

Пред околу деценија и пол, Јовановска е вработена како прва и единствена жена на позицијата портир- стражар при Службата за физичко обезбедување во Подружница РЕК Битола, Новаци, но и на ниво на АД ЕСМ и сè уште е активна во Службата, со истиот мотив и жар како првиот ден. Нашиот предизвик беше да Ви ја раскажеме нејзината приказна.

stojanka rek bitola 2

Вели, цел живот ја сакав униформата, од мала активно тренирав карате, ја поседувам пасијата за оружје но, насмеана вели, недостатокот од 2 сантиметри во мојата висина беа пресудни на алтернативен начин да си го исполнам сонот „Ако не можам да бидам полициски службеник, тогаш можам да работам како обезбедување !”. Некој ќе рече „голема работа”, седиш на капија, евидентираш влез – излез ништо страшно, секој го може тоа, но тежината на работното место е многу поголема, ако се земат предвид опасностите што на дневна основа те демнат при решавањето на вербални конфликти, недолично однесување, прекршување на редот и мирот во компанијата кои подлежат на санкции, затекнувањето прекршоци од типот алкохол, кражби, насилен упад и слично. Вели – со многу вакви ситуации, сум се соочила во изминативе 15 години.

На прашањето, дали во некаква форма била дискриминирана од колегите при доделување на задачите, сметајќи ја понежен пол со проценка дека не би можела да се справи со одредена ситуација, Стојанка вели: „Почитта од колегите мажи е на беспрекорно ниво, никогаш не сум  доживеала такво нешто, дури често ме бараат, како жена на посуптилен начин, одреден вербален конфликт јас да го решавам, за да не ескалира ситуацијата во физичка пресметка“, вели Стојанка и се шегува на своја сметка „Од Прилеп дојдов да ви покажам дека жена може да работи како обезбедување”. Рамо до рамо со колегите и со взаемна поддршка, често откриваат, спречуваат, предвидуваат и елиминираат девијантни појави, во општеството типични за машкиот пол. Стојанка е дел од тимот и ги поместува тие граници.

За своето приватно опкружување, вели сите се восхитени од тоа што го работам, имам поддршка од сите и доверба во истрајноста заради специфичноста на професијата.

На прашањето – кој дома го ужива приматот на авторитет кај синовите, таа или сопругот? Вели, често знаат да ме опоменат „Мамо, не си на работа, доста со контролата и командата” по што се повлекувам и да, татко им е тој со кого повеќе внимаваат. Вели дека никогаш не била во ситуација да мора да посегне по оружјето, зашто тоа е последниот метод  кој се применува во крајна нужност, но ужива во користењето на оружје кога приватно оди на лов. Накусо приказната на Стојанка Јовановска, портир- стражар при Службата за физичко обезбедување во РЕК Битола Новаци изгледа вака, а порака која ја испрака е следна: -„ Следи си го сонот, нема погрешни врати, биди лојален на себе и само небото ти е граница за успех.”

Собирајте моменти, а не предмети
За повеќето луѓе, парите се ограничен ресурс. Сепак, економистите се согласуваат дека …
Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
LOGO HOTEL MOLIKA
You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Самото читање на „Пролет” од Блаже Конески ја створи мелодијата за песната – интервју со Сара Петровска

Сара Петровска е дипломирана оперска пејачка. Родена 1997 година, во Битола, каде…