Утревечер во големата сала на Центарот за култура, под диригентската палка на Марјан Бакревски пред битолската публика ќе настапи возобновениот Битолски дувачки оркестар кој од 2015 година изненадува со интересни тематски репертоари на своите настапи.

„Џез, фанк и соул звуци со познатите хитови на Џејмс Браун, Френк Синатра и Стиви Вондер, над 20 музичари на сцена и солистите Нико Ѓоргиевски, Јасна Димитровска и Тамара Стојковска, се интересен избор за концерт кој некако ќе ги најави предпразничните настани. Се надеваме дека со овој концепт ќе освоиме аплаузи од публиката”-истакна Марјан Бакревски кој е иницијатор за обновување на овој оркестар, кој иницијално започна со работа во 70-тите години од минатиот век, но згасна пред повеќе години.

317148615 845604813305349 4100070151351535943 n

Бакревски, кој зад себе има звучни дипломи од Бостонскиот Конзерваториум за Музика (Boston Conservatory of Music), од Моцартеум во Салзбург, Австрија каде што се усовршува со професори од виенската и берлинската филхармонија, концертирајќи со различни ансамбли во Салзбург и оркестри низ Виена, заокружува една лична европска музичка приказна, враќајќи се во Битола каде што работи во Државното Музичко Училиште во Битола и го возобновува Битолскиот дувачки оркестар со кој активно работи и денес.

Концертот е на 30 ноември и почнува во 20.00ч во Центарот за култура во Битола.

jk travel borovec
meblo trejd lajsni

Што се подготвува: Дали Алберт Ќеримов подготвува голем проект во Охрид?
Пред неколку месеци, името на Алберт Ќеримов беше тема на бројни разговори, …
Филип Ангов: „Музиката ја правам од љубов, а успех е кога искрено ќе допре до луѓето“
Разговараше: Сара Танаскоска Младиот музичар Филип Ангов чекор по чекор го гради …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…