moto e1713386718467

Македонскиот мотоциклист Синиша Кочоски со одличен настап ја започна новата авантура во најсилната класа во БМУ Европскиот шампионат, каде го брани трофејот освоен минатата сезона. Членот на „ Silent Hunters“ имаше забележителен настап во првиот викенд од новата сезона, откако на патеката во Серес, Грција освои прво и второ место.

moto 2

Во првата трка одржана во саботата, Кочоски успеа да го „грабне“ првото место и да ја запише дебитантската овосезонска победа, додека во втората трка заврши на второто место. Треба да се напомене дека Кочоски новата сезона ја започна со нов мотицикл, откако шампионскиот „Кавасаки“ замина во историја и ќе ја красни неговата гаража. Шампионот во новата сезона ќе води мотоцикл од брендот „БМВ“.

„Задоволен сум од пласманот во првите две трки. Како и секој почеток, така и овој е многу тежок. Полека се прилагодувам на новиот мотоцикл затоа што се работи за две различни конфигурации и треба време да се прилагодам целосно за да бележам подобри резултати. Сепак, среќен сум што сезоната ја започнав со победа и второ место. Ветувам дека и во текот на целиот шампионат, јас и мојот тим, ќе го даваме максимумот за да оствариме нов голем успех. Сакам да им се заблагодарам на спонзорите и семејството кои и оваа сезона се мојата најголема поддршка“, рече Кочоски.

Вториот викенд од БМУ Европскиот шампионат ќе се одржи во јуни, но следен предизвик за Кочоски ќе биде стартот на сезоната во ФИМ Европа и Алпе Адриа шампионатот, кои започнуваат кон средината на мај на патеката во Гробник, Хрватска. 

Брокулата – хранлива ризница на здравјето
Брокулата е еден од најхранливите зеленчуци кои можете да ги додадете во …
Бидете толку сигурни во себе за никој да не може да ве омаловажи
Бидете толку сигурни во себе така што никој друг не може да …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…