muzicka soba kic

За Битола велат дека е најопеаниот град на Балканот. За славната конзулска Битола, од дамнина па до денес, испеани се  преку тристотини песни, . Битола е градот кој на македонската музичка им ги даде Кирил Македонски и првата македонска опера „Гоце”. Маестро Георѓи Здравев, Михајло Николовски, Јонче Христовски, Виолета Томовска, Пепи Бафтировски,  Вевки Амедов ,Тале Огненовски, Сашка Петковска, Славе Димитров, Билјана Дамјановска, Сефедин Бајрамов, Кире Костов, Петар Г. Калица, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак, Сотир Спасевски, прославениот хор „Стив Наумов” групите: Гром, Мадригали, БТ Топ, Буба Мара,Чоканче, Фолтин, Паркети, Памперс…

Големите трубачи како Гоце Димитровски, Благој Ангелевски, Ковачевски, трубачот и мулти инструменталист Вангел Мачковски, секако славејот Ајри Демировски и многи други. Да се пее за Битола, значи да се пее со љубов и болка во исто време. Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле.

Од првите гајдаџии како:Тале гајдаџијата,Јован Несторов Цветковски,Трајан Димовски- Балто, до Блаже Илиев Стојановски – Пифка, можеби најпознатиот гајдаџија, па Нестор Црниот-кавалџијата, гусларите Ташку Павлов, еден слеп Русин мигрант , Коста Михајлов Најче до Апостол Секуловски, до првите клавири, па прочуениот Димитрие Лала, ученик и соработник на Риџард Вагнер, виолината на д-р Константин Робе, првите музичките кутии, првите чалгикси орекстри , еврејските орекестри како „Хатиква” (Надеж), ромските музички тајфи, преку формирањето на Радио Битола, до првите рок паради и серенади за Битола се пее и раскажува. (користени материјали од книгата „Музика” на проф.Александар Стерјовски).

Токму со тој повод ЈОУ КИЦ Битола ги поканува граѓаните и колекционерите кои можат да дадат свој придонес кон овој проект, насловен како „Музичка соба” да бидат дел од истиот.  Доволно е само да ги споделите своите спомени, фотографии, раритети…

Скопскиот џез-фестивал: 45 години музика без граници
Пишува: Сара Танаскоска Не мора секогаш да ја разбереме музиката за да …
Оној што гледа со сомнеж лесно може да почне да мрази човек – Свети Филарет Московски за осудата
Треба да ни биде потешко да ги судиме луѓето, отколку да ги …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…