Потомците на познатиот битолски фудбалер Кире Аврамовски – Аврамо, кој уште го викаа Кире на Ванку, се собраа на 02.11.2024 да прослават две златни свадби.

Имено, неговите синови Гоце Аврамовски и Јове Аврамовски со сопругите Донка и Десанка, во далечната 1974 во ист ден склопиле брак и правеле свадба.

Оваа година заедно со нивните деца, внуци, роднини и пријатели, во пријатна и свечена атмосфера, го одбележаа големиот јубилеј.

Потекнуваат од битолското градско семејство на Кире и Нада Аврамовски. Кире, освен што бил фудбалер во ФК Работник, бил познат занаетчија – шапкар, кој заедно со сопругата Нада целиот свој живот го посветиле на занаетот, во дуќанот шапкарница Спорт во старата битолска чаршија.

Како музиката влијае врз нашиот живот
Музиката е универзален јазик кој може да разбуди емоции и уникатни чувства. …
Без разлика колку лошо се однесуваат кон тебе, не паѓај на нивно ниво
Во животот неизбежно ќе наидеме на луѓе кои не се однесуваат добро …









