martin b1 nas

Младиот ракометар од Битола, Мартин Бучуковски со брзина, визија и огромна решителност ги освојува спортските терени. Неговата приказна започнува спонтано, но целите се јасни и високи – македонската репрезентација и Лигата на Шампиони. Во ова интервју открива што го мотивира да продолжи, кои се неговите идоли и кој е најдрагоцениот совет што го добил.

Читај бе: Како започна твојата ракометна приказна? Што те привлече кон овој спорт?
Мартин: Мојата ракометна приказна започна случајно. Мојот постар брат тренираше ракомет и така спонтано започнав и јас. Ме привлече тоа што ракометот е брз и динамичен спорт, тимски, а не индивидуален.

martin b22

Читај бе: Кажи ни нешто повеќе за твојот клуб и твојата позиција на теренот.
Мартин: Играм во клубот Македонија Ѓорче Петров веќе една сезона. Клубот работи со млади играчи и вложува во нив, што се забележува – моментално сме први во групата Б.

Читај бе: Како би го опишал твојот стил на игра и твоите предности?
Мартин: Мојот стил е брза транзиција и динамичен ракомет. Најголемата предност ми е брзината, експлозивноста, промената на правец и визијата на играта.

Читај бе: Која е твојата најголема цел во кариерата?
Мартин: Да заиграм за Македонската репрезентација и да настапам во Лигата на Шампиони.

Читај бе: Што те мотивира да продолжиш со напорни тренинзи и натпревари?
Мартин: Желбата за успех и постигнување на моите цели.

Читај бе: Кои се твоите идоли во ракометот и зошто ти се инспиративни?
Мартин: Како идол го издвојувам Сандер Сагосен, поради неговата визија на игра.

martin b6

Читај бе: Каков е тимскиот дух во твојот клуб?
Мартин: Тимскиот дух е на високо ниво, како на теренот, така и надвор од него. Заедничката атмосфера е важна за добра комуникација на теренот.

Читај бе: Кој е најдрагоцениот совет што си го добил во кариерата?
Мартин: Никогаш не се откажувај, успехот ќе си дојде со труд и работа.

Читај бе: Како гледаш на иднината на ракометот за младите во нашата земја? Што треба да се подобри?
Мартин: Мислам дека ракометот кај младите има светла иднина, но треба да се подобри начинот на работа и функционирањето.

martin b5 scaled e1730960468649

Читај бе: Што би им препорачал на младите кои сакаат да станат професионални ракометари?
Мартин: Колку и да биде тешко, никогаш да не се откажуваат од својот сон, да работат напорно – успехот ќе си дојде со труд.

Како музиката влијае врз нашиот живот
Музиката е универзален јазик кој може да разбуди емоции и уникатни чувства. …
Без разлика колку лошо се однесуваат кон тебе, не паѓај на нивно ниво
Во животот неизбежно ќе наидеме на луѓе кои не се однесуваат добро …
meblo trejd cestitka
You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

„Македонската народна музика е најубава на цел свет“ – портрет на младиот гајдаџија Огнен Радуловиќ

Огнен Радуловиќ има 13 години, учи во седмо одделение во ООУ „Крсте…

Самото читање на „Пролет” од Блаже Конески ја створи мелодијата за песната – интервју со Сара Петровска

Сара Петровска е дипломирана оперска пејачка. Родена 1997 година, во Битола, каде…