fake news gdb0d72c4e 1280

Феноменот ,,лажни вести” го среќаваме насекаде и трагично звучи, секојдневно сме бомбардирани со лажни информации кои не само што им пренесуваат лаги на читателите, туку и ги манипулираат до тој степен, што читателите несвесно им веруваат и како последица на тоа, креираат одреден став или мислење кое се темели на нешто кое е далеку од вистинската слика.

Професионалните новинари кои со огромен труд работат на различни теми се потиснати од несоодветни лица кои за жал, имаат можност да ги шират лажните информации. Новинарите работат за вистината да дојде до јавноста, додека пак непрофесионалците претставени во светлото на „новинари” работат за некои други цели. Не е тешко да се препознае оригинален и авторски текст, за разлика од несоодветен текст или објава, доколку сме доволно едуцирани и знаеме правилно да ги селектираме медиумите и порталите кои ќе ги следиме и на кои ќе им веруваме. Не сé што ќе прочитате на интернет е вистина, не секој новинарски труд е заслужен да допре до јавноста.

За таа цел со помош на следните техники ќе имате шанса во иднина да ги селектирате само оние информации кои содржат вистините информации, а нивната веродостојност е лесно проверлива.

fake news gccae9f327 1280
Вистината не е перцепција. Вистината е проверлив и неоспорен факт

Треба да станеме свесни дека одговорноста паѓа врз дистрибутерите, а тоа е пребарувачот на информации Google и познатата социјална мрежа Facebook, кои дозволија огромниот обем на лажни вести да стигнува лесно до јавноста и да ја менува сликата за реалноста. Но, колку што се тие виновни за тоа, толку се и корисниците на истите информации, кои не го проверуваат изворот на информацијата пред да ја споделат или пред да поверуваат во истата. Едноставно голем процент не ни ги селектираат информациите кои ќе одлучат да ги прочитаат. Или пак некогаш само да ги споделат врз основа на насловот без воопшто да ја прочитаат содржината.

Концентрирајте се на фактите и аргументите, а не на приказната

Еден професионален новинарски текст изобилува со факти и аргументи, фотографии од моментот кога се случил настанот, слободен говор, неутралност и секако да ѝ служи на јавноста. Повеќе од 80%, што е навистина загрижувачка бројка, од новинарските објави кои сум ги анализирала, а секојдневно нé бомбардираат, се текстови кои не наликуваат на ништо друго, освен на приказни, извадени од некоја книга, украдени или пак не содржат никаква значајна информација за јавноста.

fake g232b2fb74 1280
Во последно време го слушаме и читаме само она што сакаат нашите уши да го слушнат и нашите очи да го прочитаат

Можеби во текот на денот низ нашите очи поминуваат илјадници објави, текстови, видеа, но на крајот го прифаќаме само она кое што ни звучи подобро. Ова им дава голема шанса на лажните вести да нé бомбардираат, затоа што токму креаторите на истите, испитуваат во одреден период што ѝ се допаѓа на јавноста, а потоа тоа го нудат како производ за истата таа јавност, без разлика дали се работи за информација која содржи вистина или лага, односно значајно е апетитот на јавноста да е задоволен. Треба да станеме свесни дека вистината некогаш можеби звучи непријатно, но подобра е од секоја ,,слатка лага”.

Доколку една новинарска објава не ви одговара на прашањата Каде, Кој, Како и Зошто, значи дека не располага со факти и аргументи со кои може да ги поддржи ставовите наведени во еден новинарски текст. Бидејќи новинарите ѝ служат на јавноста, а сите сакаме да имаме извор на вистинските информации, во иднина пожелно е да внимаваме при селекцијата на информации и да ги користиме погоре наведените техники, со цел да не дозволиме да бидеме бомбардирани со лаги и несоодветни информации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…