vojdan pres

Во Прилеп од 5 до 12 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 60. издание на Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кое годинава ќе понуди богата програма со десет претстави во официјална конкуренција и четири во придружната програма.

Фестивалот ќе се одржи под мотото „Храбриот нов театар“, со тематски фокус на „кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“. Програмата денеска ја соопшти уметничката директорка и селектор, Ана Стојаноска, на прес-конференција во Центар за култура „Марко Цепенков“.

Отворањето на фестивалот ќе биде со претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, во продукција на Драмски театар – Скопје. Затворањето е резервирано за гостувањето на Белградското народно позориште со претставата „Црно злато“, во режија на Оливер Фрљиќ, по текст на Дејан Дуковски, кој е автор во фокус оваа година.

По повод јубилејот, Собранието на фестивалот додели четири награди за животно дело. Добитници се Атила Клинче, Сашо Миленковски, Љубомир Чадиковски и Веби Ќерими.

vojdan plakat

Дополнително, по предлог на семејството на Кирил Ристоски, наградата за главна машка улога од оваа година ќе го носи неговото име.

Селекторката Стојаноска посочи дека изборот на претставите бил особено предизвикувачки, нагласувајќи дека во тековната продукција доминираат ограничен број режисерски имиња и недостига современ пристап кон македонската драма. Според неа, современиот театар треба јасно да ги адресира општествените аномалии и да понуди силен авторски став.

Во официјалната програма се вклучени претстави како „Амадеус“, „Едмонд“, „Калигула“, „Носорози“, „Црнила“ и други, додека придружната програма ќе понуди четири дополнителни театарски остварувања.

За наградите ќе одлучува жири-комисија составена од Снежана Конески-Руси, Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ.

Во рамките на фестивалот ќе бидат организирани и изложби, промоции, студентски перформанси, како и „Музеј во движење“, посветен на творештвото на актерите Благој Ивчески, Лидија Иваноска и Трајче Иваноски.

Со богата и внимателно селектирана програма, јубилејното издание на фестивалот ветува силен театарски израз и отворање на значајни општествени прашања преку сценската уметност.

Д-р Рајовиќ: Има само еден начин да се доведе во ред луто и разгалено дете
Д-р Ранко Рајовиќ е доктор, невроендокринолог, основач на Центарот „Никола Тесла“, одделот …
Раскажи ми приказна: Хесе во Магарево
Во летото 1943-та Херман Хесе дошол на поседок во Магарево (село во …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…