Во музејот на Ранко Струмениковски во Битола, средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ ги изложија нивните дела во неделата. Тие се: Ангела Дуковска, Анушка Симјановска, Антон Гагачев и Анастасија Јанкуловска. Делата на секој од авторите се со различна тематика и различен стил. Заслужен за реализација на оваа изложба е Драган Ристевски, како и професорот по ликовна уметност- Александар Поповски.

За збор на отварањето на изложбата зеде и ликовниот уметник и критичар Владо Ѓоревски – Рафик, кој рече дека му е посебно драго што има чест да зборува на изложба на млади ликовни автори од Битола, гумназијалци, тоа значи само едно дека уметноста ќе продолжи да живее во Битола, а тоа што четворицата се матуранти за нив е плус во одредување на нивната понатамошна кариера. Исто така Драган и Александар ја отворија изложбата со нивни посебни реченици за пофалба кон учениците, а огромна благодарност изрази Ангела Дуковска во име на сите творци. Таа беше пријатно изненадена што присуството беше во огромен број и кажа дека народот е оној кој е заслужен за тие да го продолжат нивното творење. Голема заслуга за пријатната атмосфера во музејот имаат Андреј Петровски и Бојан Јанакиевски. 

Претплатете се за новости

You May Also Like

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Првото бебе во Битола е женско – Христина за бериќетна 2023 година

Христина е првото бебе кое се роди во битолската болница. Мајката Сара…