viber image 2025 04 28 10 02 17 729

По повод Денот на детето во Трабзон, Турција беше отворена изложба на 7O слики од деца и млади ликовни уметници, како и талентирани деца од 3О земји.

Оваа ликовна изложба насловена како “Децата на светот во Трабзон” беше отворена во Трабзон во рамките на „23 април, ден на националниот суверенитет и Денот на детето“ во Турција, која е првата земја во светот која го прославува Денот на детето како национален празник.

Изложбата која беше подготвена под раководство на гувернерот на Трабзон, а во координација на Покраинскиот директорат за култура и туризам како и уметничкиот едукатор професор Вејсел Аџар, беше отворена за разгледување во Државната галерија за ликовни уметности во Трабзон.

Изложбата за свечено отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Трабзон Ортахисар господинот Ахмет Каја.

Благодарници и цртежи за соработката од страна на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола освен на господинот Каја беа доделени и на градоначалникот на градот Трабзон и гувернерот на регионот Трабзон.

Градоначалникот Каја потсети дека Мустафа Кемал Ататурк учел во военото училиште во Битола, многу позната како Манастир и истакна дека изложбата, која беше отворена со истакнатите дела на конкурсот што ја одржува детската работилница веќе 57 години, преминала во традиционална како по втор пат е претставена во Трабзон во Турција и акцентираше дека до денес Трабзон беше препознатлив по богатата културно – историска уметност а со ова се позиционира и како град на уметниците.

viber image 2025 04 28 10 02 18 983

Славчо Неделковски како еден од менаџерите на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола објасни дека работилницата е основана пред 57 години и оттогаш 57 години одржува изложби и ликовни колонии низ светот.

viber image 2025 04 28 10 02 19 202

Неделковски објасни дека отвораат изложба за втор пат во Турција и како пример ги посочи зборовите на Мустафа Кемал Ататурк за децата: „Децата се иднината на нашата нација и извор на радост и веселба“, како и универзалната порака дека Атарук дава многу едноставно упатство за местото на учителите во животот на децата велејќи: „Учителите се единствените кои можат да ја спасат нацијата“.

Претседателката на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола Елена Хаџи-Антоновска во своето обраќање пред бројните гости ја истакна и улогата на професорот Вејсел Аџар кој 21 година непрекинато е гостин на Мал Битолски Монмартр а оваа година неговото ателје е и носител на најголемата награда Гран При за 2О25 година за светскиот детски ликовен конкурс “Битола 2О25” година во своето 43 издание а која ќе биде доделена на свеченото отворање на 44 издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” на 23 мај 2О25 година.

viber image 2025 04 28 10 02 18 915

Професорот Вејсел Аџар истакна дека уметниците на возраст од 4 до 2О години од 3О земји ги отсликуваат впечатоците што ги стекнале на историски места: Битолската и охридската стара архитектура како и 1.ООО годишниот Бигорски манастир „Свети Јован Крстител“ низ различни уметнички техники“.

viber image 2025 04 28 10 02 19 216

Аџар како ко-претседател на Меѓународниот управен одбор на “Мал Битолски Монмартр” соопшти дека оваа година на конкурсот учествуваа над 8ОО приватни и државни школи кои генерираа фонд од над 8О.ООО детски ликовни цртежи а 2О делегации се поканети за учество на колонијата.

Организаторите и домаќините се договорија со градоначалникот Каја за можноста во Трабзон да се започне и со преговори за формирање на нова детска ликовна колонија за чии детали и можност ќе се разговара во тековната календарска година.

Грешки за кои треба да си простите
Грешки. Сите ние ги правиме. Иако знаеме дека е човечки да се …
Не можеш да ги задоволиш сите – живеј за себе
Секогаш ќе бидеш храбар во нечии очи, а плашлив во други. Силен …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…