velosipedisti naslovna

Денес на изборното собрание на ВФМ кое се одржа во Битола е избран нов претседател на федерацијата и нов управен одбор. За нов претседате е избран Иванчо Тошевски. На собранието присуствуваа единаесет од вкупно осумнаесет клубови, членки на македонската федерација, а во конструктивна атмосфера зацртани се насоките на понатамошните активности на федерацијата.

„Како нов пртеседател на ВФМ, ќе се залагам за јакнење на имиџот на федерацијата внатре во рамките на државата и на меѓународна сцена, со добро осмислени и јасно дефинирани краткорочни и долгорочни цели. Стартна точка за мене како претседател заедно со управниот одбор на ВФМ и велосипедските клубови, ќе биде изработката на нов статут со кој ќе ја редефинираме организационата поставеност на федрацијата во насока на обезбедување долгорочен развој на велосипедизмот како спорт во Македонија, но и негово омасовување.

ivanco

Воспоставувањето на силни принципи на правичност внатре во рамките на ВФМ, несомнено дека ќе ја зајакнат структурата на истата, што од друга страна ќе доведат и до зголемување на интересот, да што поголем број на велосипедски клубови во Македонија бидат дел од системот на такмичење. Истовремено рачунаме и веруваме во поддршката од надлежни институции во насока на реализација на јасно поаставените цели. Дефинитивно предизвиците се тие кои носат развој, а во делот на спортот и велосипедизмот во Македонија ги имаме премногу. На крај искрено се заблагодарувам за едногласната поддршка од сите присутни членови на Собранието на ВФМ што е причина плус за мојот влог како предводник во наредниот период биди максимален“, изјави Тошески за Читај бе.

Порибена акумулацијата „Стрежево“ со 250 килограми крап
Акумулацијата „Стрежево“ е порибена со 250 килограми крап, обезбеден од репроцентарот „Акватика“. …
Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…