Ивана Стојановска Милеска е сопственичка на Woolloow, бренд кој максимално ја истакнува волшебноста на волната и креациите од неа. Таа е мајка и многу креативна жена. Со нејзините рачни изработки привлекува многу внимание, а тие се толку специфични и воодушевувачки за гледање, па затоа решивме преку интервјуто за Читај бе јавноста да ја запознае малку одблиску нејзината креативност.
Читај Бе: Jac сум …Јас сум Ивана, жена, мајка, социолог по професија, вљубеник во убавините на животот.
Читај Бе: Од каде инспирација за вашиот бизнис?
Постојано правам нешто, сакам да создавам, да менувам, да движам, да креирам и разубавувам.
Долго време пред да се случи првата реализација, во мене тлееше талент, но храброста својата кративност да jа претворам и во креација од волна стигна пред четири години и така настана Woolloow.
Инспирација секогаш црпам од нештата на коишто им се восхитувам, што ме радуваат. Филцањето ме опушта, ми делува како смирувачка терапија по напорниот работен ден. Секоја моја изработена колекција има своја приказна, секој мој производ содржи дел од мене, бидејќи го изработувам со љубов и му посветувам многу внимание.
Читај Бе: Што изработувате?
Изработувам накит од мерино волна – венчиња брошеви, ланчиња, обетки, привезоци, но и разни украси.
Читај Бе: Тешко ли е да креирате бизнис од нула и притоа да го одржувате истиот?
Успехот е неминовен кога нешто се работи од љубов, луѓето знаат да го препознаат тоа и да го ценат. На Woolloow не гледам како на бизнис, за мене не се важни парите, важно ми е дека некого ќе направам среќен со мојата креација.
Читај Бе: Кое е парчето кое е напродавано?
Не би можела да издвојам, бидејќи меѓу производите на Woolloow секој си наоѓа нешто по своја желба и вкус.
Читај Бе: Наjуникатното парче на кое посветувате многу време за работа?
Најуникатни парчиња се привезоците и брошевите со кученца кои ги изработувам, за нив ми треба најмногу време, па при изработката чувствувам и голема одговорност. Не се откажувам сѐ додека во финалниот производ не ја видам уметноста која ќе ме направи горда на самата себе.
Читај Бе: Дали Македонците знаат да потрошат пари на задоволство односно на некое од вашите рачни изработки?
Македонките се многу модерни жени, и знаат да ценат рачна изработка и умеат да препознаат добро изработен производ и уникатност.
Читај Бе: Кој се има слушнато за вашиот бизнис, сметате дека сте промовирани на социјалните мрежи доволно и на вистински начин?
Woolloow е бренд кој постојано го градам и вложувам многу време и енергија во неговата промоција, но секако најголема реклама се задоволните клиенти, така што кругот постојано се шири. Старите клиенти се фиксни и постојано нарачуваат, но доаѓаат и нови, што ми е особено драго.
Читај Бе : Кој се може да ги носи вашите рачни изработки?
Woolloow носат луѓе со стил и изразена индивидуалност.
Инаку Ивана е и поранешна Мис на Македонија прогласена во 2004 година, а нејзиниот афинитет кон модата го реализира во нејзиниот личен инстаграм профил кој е своевиден секојдневен моден блог и инспирација за дневни модни комбинации.