boban n

24-годишниот Бобан Ристевски е голман на РК Еурофарм Пелистер кој имаше свои блескави моменти, не само во последните натпревари за првиот тим, туку и додека бранеше за вториот тим.

Себеси се опишува како тимски играч, а за него дисциплината и фокусот на теренот се главните адути за постигнување успех. Бобан е роден во Битола и уште од својата 16-годишна возраст тренира во РК Пелистер, и бил дел и од клубовите: РШ Конзули, додека последните сезони бранеше најнапред за Еурофарм Пелистер 2 и сега веќе е дел од голманскиот табор на Еурофарм Пелистер. Своето академско образование го заврши во својот роден град и се здоби со дипломата машински инженер при Техничкиот Факултет Битола. Љубовта кон ракометот не го остава рамнодушен, а за тоа говори искуството кое го градел уште од својата 13-годишна возраст. Од интервјуто со Бобан за Читај бе, може да заклучиме дека ракометот не е само спорт, туку е реален учител на теренот, дисциплина, прецизност, фокус, борба и адреналин кој непрекинато расте.

boban n 2
boban n. 1

Читај бе: Опиши ни го процесот на премин, на ракометот од спорт во пасија. Како се случи тоа и што точно влијаеше да се насочиш токму кон овој спорт?

Бобан: Започнав да тренирам на 13 години, затоа што едноставно ракометот ме привлекуваше како спорт, па заедно со уште неколку другари почнавме да тренираме. Благодарение на тренинзите и натпреварите запознав нови личности кои денес се дел од моето секојдневие. Низ повеќегодишните тренинзи и учествувањата на натпреварите собирав искуство, кое ми помогна на мојата 16-годишна возраст да се префрлам во сениорскиот тим на РК Пелистер. Тоа беше еден од моите најзначајни моменти, кога сфатив дека мојата кариера како ракометар станува сериозна.

Читај бе: Што е она кое што тебе те прави прецизен и одговорен голман?

Бобан: Мојата дисциплина и огромната посветеност кон позицијата голман се главните адути кои ме прават одговорен голман и ми помагаат да ја негувам оваа позиција во ракометот.

viber image 2023 04 23 19 01 59 150

Читај бе: Кога е во прашање ракометот, на што треба да остане фокусиран еден голман?

Бобан:  Се трудам да останам фокусиран на движењата на топката, како и потезите на соиграчите. Од голема значајност, за успешна одбрана се и инструкциите кои ги ми ги упатува тренерот.

boban
meblo trejd - aparati

Читај бе: Може ли да ни откриеш какво е чувството кај голманите кога ќе примат гол?

Бобан:  Никогаш не сум бил рамнодушен. Често се случува да сум нервозен и возбуден, но сепак се трудам да ги занемарам ваквите емоции, со цел да ги анализирам грешките кои сум ги направил на натпреварот. Грешките на теренот се учители кои ни помагаат да стануваме се подобри во она што го правиме, без разлика дали зборуваме за спорт или за некоја друга професија.

Читај бе: Имаше одлични одбрани на натпреварот против Татран Прешов. Беа ли исцрпувачки подготовките за натпреварот во Прешов? Имаше ли некое претчувство како ќе се одвива натпреварот?

Бобан: Подготовките се секогаш исцрпувачки, бидејќи бараат константна концентрација за постигнување на посакуваниот резултат. Инаку, секогаш имам некое, неопишливо со зборови, претчувство, а за овој натпревар бев вистински оптимист. Едноставно сите ние како играчи, со кои располага тимот, се посветивме максимално на постигнување висок резултат на натпреварот, затоа што победата ни значеше многу на сите.

boban 2
rk eurofarm pelister 17

Читај бе: Што размислуваш додека трае акцијата на противникот или пак кога топката се движи кон голот? Има ли време за размислување, емоции.. можеби покачен адреналин?

Бобан: Преферирам да сум смирен, со чисти мисли и комплетно сконцентриран на топката во моментите на нејзиното движење кон голот. Одговорноста е иста на сите играчи во целина, бидејќи ракометот е тимски спорт. Секој играч треба да биде свесен за сопствената одговорност кон тимот.

Читај бе: Како ти помогна искуството, како голман на Пелистер, во развитокот на кариерата, па и во професионалноста која треба да ја поседува еден голман?

rk eurofarm pelister 14

Бобан: Можам да кажам дека искуството како играч во РК Пелистер ми помогна и тоа не само преку многуте тренинзи и натпревари, туку ме научи на морал и етика, на тоа како се сака еден клуб, за кој вреди да се жртвуваш, како да бидеш професионалец кога си на терен и надвор од него итн… Сето ова со кое располагам денес е благодарност на Пелистер. Ракометот не е само спорт, туку е дисциплина, одговорност, персонален развиток итн…

jk travel leto antalija 2023
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…