настан хуманитарен книзара

Сите добронамерници се поканети на настанот „ХУМАНИТАРНА ВЕЧЕР СО МАКЕДОНСКИ АВТОРИ“ во организација на книжарницата Book’s House . Настанот ќе биде на 23 септември (сабота) со почетокот од 19 часот во локалот Бар Општина, кој се наоѓа веднаш до книжарницата.

Целта на „ХУМАНИТАРНА ВЕЧЕР СО МАКЕДОНСКИ АВТОРИ“ е да се соберат средства за да се помогнат средношколците со попреченост кои учат во паралелките сместени во СОУ „Таки Даскало“ – Битола, но и семејни лица кои се соочуваат со попреченост – водени од мислата: нашето малку, некому може да биде доволно.

Книжарницата Book’s House од кога се отвори – неколку пати  веќе има реализирано хуманитарни настани кои за среќа се и помогнати и од големи и мали бизниси, но и посетени од голем број на хумани битолчани, но и посетители надвор од Битола.

На настанот ќе се продаваат книги од повеќе македонски издавачки куќи кои донираа книги за настанот  и рачни изработки донација од ракотворци по пристапни цени за сечиј џеб.

Стиховите од премиерната изведба на песната „Пролет“ во вокална интерпретација и музика на Сара Петровска, а аранжман на Дејан Марковски ќе го крунисаат овој есенски настан.

Пролет – Блаже Конески

Ноќеска слушав песна

далечен топол глас,

утрово сонце ме бакна,

затоа весел сум јас.

Очиве ми се смеат,

како да не бидам луд?!

Од поле децата првпат

донесле врбов цут.

Како да не сетам мака

за твојот поглед и рака!

Спомни ме и ти мене

в срмена пролет и драга –

навечер кога со пупки

се реди твојата снага.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…