Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Со овој поздрав на полноќ се поздравија сите верници кои беа присутни во храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола, откако пред насобраниот народ заедно со биењето на камбаните на полноќ веста за Воскресението Христово ја објави Митрополитот г. Петар.
После објавувањето на најрадосната вест, во храмот во присуство на голем број верници започна Светата Божествена Златоустова Литургија со која чиноначалствуваше владиката Петар.