Ако сакате да го зајакнете имунитетот, што е задача број еден за време на пандемија, не смеете да со одмогнувате. Ако не ја исфрлите од вашето мени и навики храната што е многу лоша за имунитетот, нема да имате соодветна заштита од болести.

Нутриционистите издвојуваат храна што е пожелно да се консумира во што е можно помали количини:

Премногу шеќер

Колку и да се чувствувате убаво додека ги јадете, знајте дека тие не му прават услуга на вашиот имунолошки систем.

„Прекумерното внесување шеќер и прости јаглехидрати може да ги ослабне клетките на имунолошкиот систем и имунитетот“, вели нутриционистката Линдзи ДеСото.

bananas 282313 640

Алкохол

Ако сакате вашиот имунолошки систем да работи ефикасно и да ве заштити од вируси и други болести, намалете ја конузмацијата на алкохол на минимум.

– Прекумерното внесување алкохол или повеќе од 14 пијалоци неделно може да го ослабнат имунолошкиот систем, па дури и да доведат до посериозни симптоми кога ќе се разболите – предупредува ДеСото.

glasses 919071 640

Грицки

Грицкањето на готови, купени грицки може да ви заштеди време, но тоа е многу лошо за имунолошкиот систем.

– Високо обработената храна содржи голема количина сол, заситени масти и потенцијално транс масти, како и шеќер.

Сите овие состојки можат да придонесат за развој на срцеви заболувања и бубрежни заболувања, а исто така да придонесат за хронично воспаление во телото и да го загрозат имунолошкиот систем – предупредува диететичарот Леонила Кампос.

Брза храна

Ништо поудобно од нарачување пица, или одење во ресторан за брза храна.

Уживате во вкусовите, излегувате сити и не се потрудивте ништо да заштедите.

Но, на вашиот имунолошки систем воопшто не му се допаѓа.

– Брзата храна е многу богата со заситени масти, додека содржи многу малку незаситени масти.

Високата содржина на заситени масти може да доведе до воспаление во телото, истовремено ослабувајќи го имунолошкиот систем – објаснува нутриционистката Хана Брн.

burger facts

Премногу сол

Пред да земете соларник и да го зачините вашиот оброк, размислете колку лошото внесување сол е лошо за вашиот имунолошки систем.

– Прекумерниот внес на сол предизвикува висок притисок и задржување на водата

Поради задржување на водата, бубрезите потоа треба да работат понапорно за да се ослободат од солта, што ја намалува способноста на телото да се бори против инфекцијата – тврди Брн.

salt

Не внесувате доволно калории

Иако конзумирањето на сите овие намирници може да има лоши ефекти врз вашиот имунолошки систем, истото важи и за недоволно внесување калории.

– Луѓето кои намерно го ограничуваат внесот на храна или имаат нарушувања во исхраната, го оштетуваат нивниот имунолошки систем – вели диететичарката Роксана Есани и додава:

– За да имате силен и здрав имунолошки систем, неопходно е да му обезбедите на телото доволно хранливи материи секој ден.

Вечер на музика со македонски писатели во организација на Book’s House – собраните средства за хуманитарни цели
Синоќа се одржа настанот „Хуманитарна вечер со македонски автори“ во организација на …
„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски го отвори 44. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Филмот „Домаќинство за почетници", по сценарио и во режија на Горан Столевски, …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…