gimnazija josip broz tito nas

„Сите бои на младоста“ беше мотото  под кое се одржа музичкиот концерт на училишните бендови при СОУ Гимназија „Јосип Броз –Тито“ –Битола по повод патрониот празник. На почететокот на публиката им се обрати директорката на Гимназијата, м-р Лидија Споа, која истакна:

„Предизвикот да се менаџира Гимназијата „Јосип Броз – Тито“, морам да признаам дека е огромен, но привилегијата да се работи со млади луѓе кои се одлучни да бидат први, кои во себе го имаат жарот на препознатливата младешка бунтовност и оригиналност е моја и на целиот наставен колектив на Гимназијата. Реализирањето на образовните активности е комплексен процес, но благодарение на взаемната поддршка на учениците и професорите покрај предвидените цели во наставата, тие се постојано активни и во воннаставните активности, редовни учесници и носители се на првите местана регионалните, државните натпревари по повеќето наставни предмети. Овие млади луѓе, сите се посебни на свој начин, оттука произлегува и мотото – Сите бои на младоста. Нивната автентичнот и оригинална мисла, секојдневно ни е инспирација и нам, на професорите да прибегнеме од светот на возрасните, за да можеме со нивни очи да го погледнеме светот, за да ги разбереме. На крајот на краиштата – секој учител бил нечиј ученик“.

Потоа се обрати и Градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, кој е поранешен ученик на Гимназијата.

gimnazija josip broz tito 8

Во свечениот дел им беа доделени признанија на учениците и професорите – ментори кои во тековната учебна година ги  претставуваа боите на  Гимназијата  и освоија високи места на спортски натпревари, натпреварите по природни науким натпреварите по странски јазици … но, и на учениците и професори кои постојано допринесуваат за здрава образовна клима воо училиштето и за афирмација на Гимназијата која е една од водечките образовани институции во Македонија.

Фотограф: Саше Богоевски

Триото Интерарт настапи во Рим – македонската камерна музика на сцената на Teatro di Marcello
Камерното трио Интерарт од Битола оствари значаен меѓународен настап во Рим, каде …
Три европски дестинации за незаборавно есенско патување
Доколку сакате патување полно со нови искуства, живописни пејзажи и автентична култура …
meblo trejd cestitka
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…