gestalt terapija2 e1720763105878

Во хотелот “Молика“, во организација на Центарот за личен развој, психотерапија и едукација Анима, успешно се реализира Втората гешталт конференција „Гешталт терапија во секојдневното живеење овде и сега”, на која зедоа учество околу 50-тина учесници која траеше од 5 до 7 јули.

На конференцијата со свои стручни предавања и работилници, се претставија околу 20-тина излагачи – панелисти, кои презентираа свои стручни трудови од областа на гешталт психотерапијата, а беа реализирани и повеќе работилници, кои беа интерактивни, на кои учесниците имаа можност не само да се запознаат со теоријата на гешталт терапијата, туку и искуствено да доживеат и да работат на себе. Оваа конференција е поддржана од Комората на психолози и претседателката д-р Мирјана Јовановска Стојановска.

gestalt terapija4

-Би сакала да изразам огромна благодарност и задоволство што имаме можност да организираме ваква конференција, која се одржува втор пат. Првата гешталт конференција се одржа пред две години по повод 25 години постоење на гешталт психотерапија во Битола и Македонија. Им благодарам на сите кои зедоа учество и овозможија оваа конференција да стане незаборавно и трансформирачко искуство. Исто така, особено сум горда што нашиот центар Анима, ја доби првата генерација дипломирани гешталт психотерапевти и гешталт советници – истакна Вера Димовска, сениор тренер, психолог, гешталт психотерапевт и прв човек на Анима.

gestalt terapija5
gestalt terapija3

Учесниците на конференцијата имаа можност да се запознаат, преку излагањата на панелистите, со основите на гешталт терапијата, со придобивките од гешталт психотерапијата за менталното здравје, за моќта на гешталт пристапот во организациски системски промени, за тераписката работа и како се одвива еден тераписки процес, за примена на гешталт терапијата при работа со нарцисоидно пореметување на личноста, како и примена на гешталт при работа со еготизам и шизоиден карактерен стил, работа на свесноста за сексуалноста во секојдневното живеење, а преку искуствените работилници се запознаа како се работи на агресијата со примена на гешталт техники, работа на лутината, работа на соништата, како и со важноста на процесот на дишење во секојдневниот живот.

Четири типа енергетски вампири и како да се заштитите од нив
Секој, барем еднаш во животот, бил жртва на емоционален, енергетски вампир. Тоа …
Подемот на вело-градовите: Како урбаното планирање го поттикнува возењето велосипед
Градовите ширум светот стануваат сè попријателски за велосипеди, бидејќи урбанистите и креаторите …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…