Додека во Битола се одржува јубилејното 45. издание на „Мал Битолски Монмартр“, оваа фоторазгледница од прочуениот Монмартр во Париз потсетуваат на местото кое со векови претставува симбол на уметноста, боемскиот живот и слободниот дух.



Сместен на ридот во северниот дел на Париз, Монмартр е едно од најпознатите и најромантични маала во светот. Неговите тесни калдрмисани улици, малите кафулиња, уличните музичари и плоштадот исполнет со сликари создаваат атмосфера која изгледа како да е излезена од уметничка слика.





Во текот на 19 и 20 век, Монмартр бил дом и инспирација за бројни светски уметници како Пабло Пикасо, Винсент ван Гог, Анри де Тулуз-Лотрек и Амедео Модиљани. Тука се раѓале нови уметнички правци, а креативноста станала дел од секојдневниот живот.






Денес, Монмартр останува едно од најпосетуваните места во Париз, препознатливо по базиликата „Сакре Кер“, уметничките ателјеа и духот што и понатаму ги привлекува љубителите на уметноста од целиот свет. Секоја фотографија од овој дел на Париз носи приказна за уметноста, слободата и убавината што никогаш не избледува.



















