Голем успех на македонските боксери на Меѓународниот турнир Лах Нимани во Косово – освоија два златни медали и еден сребрен. Боксерската Репрезентација на Македонија со тројца боксери настапи на овој турнир во јуниорска категорија: Петар Арсовски 54кг., Ален Рустемовски 57кг., Ружди Рустемовски 60кг. Нашите боксери беа предводени од тренерите Александар Арсовски и Јове Петровски.

Боксерската Репрезентација на Македонија
Боксерската Репрезентација на Македонија

„Македонските боксери се закитија со две Злата и едно Сребро со Златен сјај“, рече за Читај бе тренерот Јове Петровски. „Петар Арсовски боксуваше против боксерот на Црна Гора убедливо со 5:0. Исто така Петар беше прогласен за најдобар странски боксер. Ален Рустемовски боксуваше против боксерот на Бугарија, убедлива победа за Ален 5:0 и една од најдобрите борби на турнирот.

Ален Рустемовски
Ален Рустемовски

Ружди Рустемовски имаше два меча полуфинален и финален меч и во двата меча против домашни боксери од Косово. Првиот меч убедлива победа од 5:0.
А во финалниот меч Ружди беше оштетен од судиите и се закити со Сребро.

Ружди Рустемовски
Ружди Рустемовски

Се одеше според договореното и според планот и тоа вроди со плод“, вели Јове Петровски.

Јове Петровски

Следни настапи се Македонското Првенство Меѓународниот Турнир Мирослав Петровиќ и Арена Купот.

Боксерската Репрезентација на Македонија
meblo trejd za gradina
You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…