Полека, но сигурно Државното првенство од Б дивизијата за Американски билјард се движи кон крајот, а нашите сограѓани повторно нé радуваат во висок ритам кој што по сé изгледа на останатите ќе им биде тешко да го пратат. На овој турнир организатори и судии беа битолчаните Горан Думевски Панчо и Горан Петровски Сајкал.
„На четвртиот од вкупно седумтте Мастерс турнири повторно бевме најбројни со седумина учесници, а и овојпат повеќе од успешни. Се играше за широката популација најпознатата игра Осумка, а имаше вкупно 31 пријавен играч. Николче Србиновски со две победи полека се враќа во игра, а маратонецот Тони Петровски спејализиран за Хил-хил мечеви стигна до 9-то место губејќи баш во Хил-хил меч во губитничко квалификационо коло. Во квалификациите од вкупно осуммина се пласираа вкупно четворица од Битола, а мечот помеѓу Златко Ицановски и Андреј Ангеловски ни ветуваше сигурен полуфиналист. Со петтото место Ицановски го задржа водечкото место во Генералниот пласман и само формалност е неговото учество до година во А дивизијата. Жилавиот 63-годишен Наум Гулевски со второто последователно учество во четвртфиналето докажа дека и тоа како е незгоден противник победувајќи го притоа првиот годинешен победник и покажувајќи желба за победа на која и младите можат да позавидат. Теодор Најденов после киксот во првото коло се созеде и со добра игра стигна во финалето, но можеше да се забележат недоречености во клучните моменти во неговата игра кои се должат на недоволното тренирање. И Андреј и Тео стигнаа во финалето после трилер полуфиналиња и во финалето влегоа потполно растоварени. Тоа беше финале во вистинска смисла на зборот кое се играше до 6 добиени каде се забележани по 4 break and run или по 4 марса каде што играчот разбива и ја завршува играта на една штека, народски кажано. Сите почести за Андреј кој со марс ја заврши последната игра и со резултат го освои првиот Турнир. Во Битолското Финале на Тео (20 г.) и Андреј (22г.) се играше игра која не е забележана ни во А дивизијата. Андреј Ангеловски направи вистински потег шо се врати во билјардот бидејќи се работи за играч со најдобра техника, добра поставеност на масата и осмислување на играње. Едноставно се работи за играч кого е задоволство да се гледа“, изјави Горан Думевски Панчо, еден од организаторите на турнирот.