vodovod bitola1

ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со активностите за модернизација и дигитализација на системот за водоснабдување, со цел подобрување на неговата ефикасност, контрола и одржливост.

Во рамки на меѓународниот проект WATERVILL – Interreg Euro-MED, во соработка со Општина Битола, прифатен е предложениот пилот-проект, чија реализација е планирана во текот на 2027 година.

vodovod bitola

Проектот претставува продолжување на досегашните активности за унапредување на SCADA системот, проширување на мониторингот и воведување нови мерни и контролни точки. Предвидено е и поставување автоматизирани постројки за следење и контрола на квалитетот на водата.

Преку соработката со меѓународни партнери и универзитети се очекува размена на знаења и искуства, како и примена на современи европски технологии и практики во управувањето со водоснабдителниот систем.

vodovod bitola2

Со овој проект се отвораат нови можности за создавање помодерен, поефикасен и поодржлив водоводен систем, во интерес на сите граѓани на Битола.

УКЛО отвора простор за иновации: Вештачката интелигенција и зелените технологии во служба на регионалниот развој
Како можат современите технологии, научните истражувања и креативноста на младите да придонесат …
CODE 369 и Паркети со нова музичка соработка што ветува вистинска рок-експлозија
Македонската рок-сцена добива нова музичка приказна! CODE 369 и култните Паркети ги …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…