Нашата Света Црква, сеќавајќи се на сите настани од земниот живот на Господ Исус Христос, и овој пат пред нас изнесува еден чудесен по својата длабока смисла празник – празникот на Неговото Преображение на Таворската гора.

preobrazenie

Овој празник е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило четириесет дена пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон Него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во Својата ненадминлива и несоздадена слава.

oblak

Ако, како што веќе спомнавме, овој празник се случил непосредно пред страдањата Христови, односно пред точно четириесет дена, тогаш би требало тој да се празнува некаде во месец март, според празнувањето на Воскресението. Но, тоа време се совпаѓа со периодот на Светата Четириесетница и бидејќи не би можело да се торжествува во периодот на Великиот Пост, затоа овој празник е пренесен на 6/19 август. Датумот не е случаен, бидејќи е четириесет дена пред празникот „Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст“ (14/27 септември), кој наликува на Велики Петок. Празникот Преображение, започнал да се слави во источниот дел на Византиската Империја во периодот помеѓу VI – VIII век. Веќе во VIII век тој е раширен низ сиот христијански Исток, а додека на Запад, иако почнал да се празнува малку порано, својот конечен облик го добил дури во XV век.

Секоја година, на 19 август (Преображение на Господ Исус Христос), за време на празничната служба, се појавува мистериозен облак над крстот од црквата Свето Преображение, на врвот на планината Тавор во Израел, кој потоа се шири и се спушта над верниците како животворна влага.

299546338 2107500939422479 6786661440420102693 n

Оваа црква е изградена на местото каде што Исус Христос се преобразил пред апостолите Петар, Јаков и Јован и разговарал со Мојсеј и Илија, Евангелие според Марко, глава 9 (Исусовото преображение)… (…И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го!“)

300402839 2107508332755073 4290230629321702793 n

Овој благодатен облак е едно од трите чуда што се случуваат секоја година во Израел, покрај благодатниот оган на Велика сабота и фрлањето на крстот во реката Јордан (Богојавление – Водици) кога реката почнува да тече во спротивна насока штом крстот ќе ја допре водата.

Руските и израелските метеоролози тврдат дека оваа магла не може да се формира на толку сув воздух и на толкава температура и немаат одговор за овој феномен.

Тој вели дека овој „благословен облак“ се спушта само на подрачјето над манастирот.

299365407 2107508242755082 1187539283947007959 n

Специфично за овој празник е тоа што на Литургијата после задамвоната молитва се благословува и осветува грозјето. Тогаш за прв пат може да се јаде од овој плод.

Таинствената смисла на празникот Преображение Господово

Во мигот на Преображението Христос ги озари апостолите со Својата неискажлива светлина, и сакајќи да им ја покаже светлината на скорешното Негово Воскресение, Он истовремено им ја покажа и првобитната човечка убавина. Он сакаше човекот да го дознае своето потекло, да види чиј образ тој го носи, во каква слава, и чест, и убавина е создаден и кон што е повикан. Црквата, пак, таа силна чуварка на Свештеното Предание, го упатува својот повик до човекот, до осознавање и постигнување на неговата најдлабока и најсуштинска животна цел – неговото лично преображение, обожувањето, кое е гледање на несоздадената светлина. Таа, пак, е „доживување на Царството Божјо… и паралелно со тоа, предвкус на идните блага… “, Преображението ни покажува и што претставува нашето собирање како Црква: тоа не е просто собирање на луѓе, туку собирање на преобразени личности кои се поврзани со врските на љубовта, радоста во Бога, заради прослава на Неговата жртва за спасение на човештвото.

299580085 2107508362755070 6144524622964024177 n

Ако „Преображението е централен настан на сотириолошкото учење на Црквата, бидејќи ја покажува целта на постоењето на човекот“ (о. А. Шмеман), а таа е личното преображение и обожение, тогаш таа истовремено и го поттикнува човекот да дојде до посакуваната цел. И за да би можел човекот да го доживее тоа, најнапред треба да го очисти своето срце. По мерата на очистувањето на нашето срце, добиваме и просветлување одозгора.

Во овој контекст, Црквата нѐ повикува и кон нашето лично искачување на Таворската гора, за и нам да ни биде добро („Господи, добро ни е да бидеме овде“, Му рекле апостолите на Христа), за да Го чувствуваме Божјото благодатно присуство, посакувајќи тие мигови никогаш да не завршат. Но истовремено таа и нѐ потсетува дека заради нашите слабости можеме од таму, од Тавор, да се најдеме на Голгота. И пак вели, дека за да се искачиме на Тавор, претходно треба да се распнеме на Голгота. Нејзиниот непрестаен повик е „непрестајно искачување и еволуција. Во Црквата зборуваме за еволуција на човекот, не од мајмун до човек, туку од човекот кон Бога. Оваа црковна теорија за еволуцијата дава смисла за живот и ги задоволува сите внатрешни проблеми и егзистенцијални немири на човекот.

Значи, Преображението Христово е основен момент во животот на човекот. Впрочем, живееме во Црквата и не се стремиме да бидеме само добри луѓе, туку да бидеме богови по благодат“ (о. А. Шмеман). Црквата денес нѐ кани да ги отвориме дверите на нашето срце, за таму да Го населиме Бога и сите луѓе, да подариме повеќе љубов, да се преобразиме не само себеси, туку со својот живот, со својот пример и сите околу нас. На таква висина денес нѐ кани Црквата.

Извор: Православие.мк

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…