dlub nas

Изложбениот салон на ДЛУБ се претвори во музеј во кој е претставен само еден мал дел од долгогодишниот труд на уметникот Владимир Младеноски, можеби еден од последните припадници на таа генерација уметници-основоположници на модерното во македонската уметност.

На изложбата се претставени триесетина дела во техника масло на платно, со традиционална сликарска тематика: фигура, пејсаж, мртва природа; реализирани во периодот од осумдесетите години од претходниот век до денес. Изложбата ќе биде отворена за јавноста во периоди од 10:00 до 13:00 и од 16:00 до 19:00 часот.

„Во овие дела гледаме како се испреплетува цела една историја и мисла за сликарството од светски размери но, која се одвива во рамките на местото каде што живее уметникот. Овде се допираат идеите на социјалниот реализам со колоритниот фовизам, француската со италијанската школа; овде се среќава Веронезе со Вермер, универзалното со секојдневното и сето тоа како синтеза во подгорјето на Јабланица.

Владимир во овие над 50 години творештво останува доследен на својот стил и учење и како имун на современите текови скромно ни укажува каде и како да ги бараме новитетите во творештво. Секоја негова слика е расказ на едно секојдневие кое со тек на времето се менува и исчезнува пред неговите очи. Ние никогаш нема да ја доживееме природата и околината околу нас со истата автентичност како и нашите предци. Ова поминување на индивидуалната, а со тоа и на општата историја на еден народ е карактеризирано во неговиот растреперен начин на работа. Владимир, неуморно и интензивно работи да го долови и сочува овој tempus fugit, овој неповратен и неповторлив момент. Должност е на културните институции да обрнат внимание на овие подзаборавени уметници кои тивко и скромно работат во своите ателјеа и да им го доделат заслуженото место во редовите на македонската уметност…“, рече Васко Ѓоргиев Претседател на ДЛУБ.

Untitled5 e1729839619628

Изложба на триесетина дела од над 50 годишното творештво на уметникот Владимир Младеноски во изложбенит салон на Друштвото на ликовни уметници Битола.

Untitled6 e1729839538873

„Сликите треба да бидат едноставни, да може секој да пронајде во нив дел од себе и од своето окружување. “ – Владимир Младеноски

Владимир Младеноски е роден на 14.10.1945 година во с.Подгорци, Струшко. Учителска школа завршил во Охрид во 1964 г., а Педагошка академија во 1966 во Скопје во класата на Вангел Коџоман. Како студент, со својот професор В. Коџоман, престојува во Венеција, Италија во 1968 г. Член е на  ДЛУМ, ДЛУБ, ДЛПМ, СУЛЈ. Наградите што ги добива за учество на културните манифестации и детските ликовни колонии зборуваат за ликовен педагог кој на многу генерации им помогна и ги насочи како талент

Не морате баш на сите да им се допаѓате – не трудете се да се вклопите секаде и со секого
Потребата постојано да сме во потрага по потврда од другите за она …
Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…