woman ge1a18ecc8 1280

Колачот кој со години наназад го правите, конечно ви испаднал совршен. Трчаме по телефонот и сликаме. Објавуваме и чекаме лајкови. И коментари.

Вечерва сте на свадба. Сте направиле фризура, совршена шминка, црн фустан кој ги крие сите недостатоци. Телефонот е тука. Филтерите исто така. Објавуваме и чекаме лајкови. И коментари.

Шетате низ паркот. Пред вас боите совршено се споиле. Празна патека, совршена слика. Клик. Објавувате. Хаштаг #nofilter. И уште безброј вакви ситуации кои ни се секојдневие.

Но, се застанува на тој клик за постирање. Тука застанува совршениот, а продолжува нашиот несовршен живот.

Зошто никој не го постира купот садови кои неизмиени чекаат во мијалникот?

Зошто никој не постира како изгледа кога ќе си дојде во раните утрински часови од свадба?

Зошто никој не се слика самиот себе и проблемите кои му тежат од бледото лице наспроти совршенството бои во паркот?

Затоа што така нема да бидеме „совршени“ – какви што се сите на социјалните мрежи. Фрустрирани од нашето несовршенство, чезнееме по совршенството на другите. Иако длабоко во себе знаеме дека е лажно.

smartphone ga8c34523a 640

Колку пати сте виделе слика од некого на Инстаграм и сте станале завидливи на момент, а другиот ден едвај сте го препознале на улица, бидејќи очите не можат да ги скријат вистински години.

Колку пати сте се воодушевувале некому на интелигенцијата заради неговите постови на Фејсбук, а кога конечно сте се сретнале во живо и сте имале можност да поразговарате, сте доживеале комплетно разочарување?

Да не зборуваме за оние кои споделуваат семиња синапови, икони, цитати од Библијата, а на своите ближни не само што има забиваат нож во грбот, туку и гроб им копаат.

Ете ова ни е животот. Наутро се будиме со социјалните мрежи, навечер заспиваме со нив. Како воајери со дозвола, демнееме и „скроламе“, а срцето се полни со завист, разочараност, гнев…

iphone g9ef48b304 640

Што се социјалните мрежи? Приказ на што? На реалноста сигурно не се, зашто ќе имаше по некоја слика од неизмиени садови и црни подочници. Но, не е тој проблемот. Проблемот е што, иако знаеме дека сето тоа е лажно, упорно го следиме. Наместо, секој да си биде она што е. Несовршен.

Така, ако си останеме несовршени какви што сме и ако го прифатиме нашиот несовршен свет, сите лаги по социјалните мрежи нема да не погодат и многу лесно ќе одолееме на маркетингшкиот трик за совршеност.

Затоа, за да си го видите животот со вистински очи, направeте пауза некој период од социјалните мрежи колку што можете. Со самодисциплина ќе си покажете љубов кон себе.

Ниту една зависност не носи трајна среќа во животот, па така и оваа.

social media gd45159662 1280

Научно е докажано дека социјалните мрежи трошат време и енергија, што значи дека наместо залудно да си го трошите времето на нив, таа енергија би можеле да ја потрошите на многу попродуктивен начин. Направете нешто корисно, нешто што ве прави среќни, а не сте го направиле одамна.

Избегнувањето на социјалните мрежи е исто така идеален начин да се избегне непотребниот извор на фрустрација со гледање на навидум совршените животи на другите луѓе кои самите всушност бараат потврда за вредноста на сопствениот живот.

Или на пример, ако некој го постигнал тоа што вие одамна сте го планирале и веднаш се пофалил, не значи дека треба да се разочарате. Тоа значи дека треба уште повеќе да работите на тоа, а не да го трошите времето на љубомора и прашувајќи се зошто тоа не сте вие. На тој начин ќе ви се подобри и работната етика. Ќе имате многу повеќе време и енергија да направите некоја поконкретна работа отколку да ги гледате животите на другите луѓе по цел ден.

И на крајот на краиштата, вредноста на сопствениот живот треба да си ја оцените сами, а не бројот на лајкови.

Библиотеката се грижи и за повозрасните читатели – донација за патрониот празник
По повод Патрониот празник во холот на Библиотеката од денеска е поставена …
Рутини кои би можеле да ви помогнат при несоница
Несоницата понекогаш трае ноќ или две, но во други случаи тоа е …
meblo trejd trkalca

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…