Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на Сепсата 13 септември, Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување оваа година по прв пат во Македонија се вклучува во светското одбележување на овој ден и по тој повод организира стручен состанок под годинешното мото „Да ја направиме Сепсата национален и глобален здравствен приоритет”. На оваа тема која има за цел пошироко анимирање на јавноста во врска со овој глобален проблем поразговаравме со раководителот на САРИЛ при Клиничката болница Битола, д-р Сотир Николовски.

305651802 761111995156619 5794585507673404216 n

Читај бе: Која беше причината САРИЛ оваа година за прв пат да го одбележи Светскиот ден на сепсата?

Д-р Николовски: Сепсата е состојба која го загрозува животот и настанува поради несоодветна одбрана на организмот од инфекција и е водечка причина за хоспитализација во единиците за интензивна нега. САРИЛ како витална служба во Клиничка болница Битола, е директно вклучена во навремено препознавање и лекување на пациентите со сепса. Во светот веќе 10 години наназад масовно се одбележува Светскиот ден на сепсата, а ние за прв пат оваа година го организираме овој стручен настан со цел подигање на свеста за сепсата и нејзините последици помеѓу населението и медицинскиот персонал.

305182377 634147834906039 8155631232300379954 n

Читај бе:  Каква порака сакате да испратите на овој начин?

Д-р Николовски: Идејата е да се испрати апел за превенција, рано препознавање и итен третман на сепсата, да се промовира ставот за сепсата како животно загрозувачка состојба од итен карактер, како и иницијатива за поголемо вклучување на медиумите, државните власти и потенцијалните донатори во борбата за намалување на стапката на морталитет на сепсата.

Читај бе: Каква е кај нас состојбата на пациенти со сепса?

Д-р Николовски: Во нашата земја, како и во светски рамки, сепсата е голем здравствено-економски проблем, зафаќаат голем број на ризични популации, доведува до смртен исход кај секој четврти заболен пациент, а на секои 3 секунди умира по еден пациент во скептичен шок. И покрај развојот на модерната медицина, инциденцата е во голем пораст, лечењето скапо, а морталитетот огромен.

305630022 600932318484669 7220984534509660190 n

Читај бе: На што треба здравствените институции и работници, но и пациентите да обрнат внимание со цел да се спречи сепсата?

Д-р Николовски:  Сите здравствени работници треба да бидат запознаени како брзо да ја препознаат сепсата и веднаш да го започнат третманот според најновите протоколи за лекување на сепсата. Мора да работиме на подигање на јавната свест за превенција на вонболничките и болничките инфекции, редуцирање на употребата на антибиотска терапија, секогаш кога е потребно строго придржување на принципите на антисепса и стерилност, како и апелирање за редовна вакцинација.

    За најтешките моменти во животот…
    Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

    Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…