people 8504256 1280

Над влезната врата од станот закачи натпис „Прави го она што е правилно, не она што е прифатливо – Франц Кафка“.


Зарем не ни се смачи на сите да му даваме квалификации на светов – каков е, кон каде се движи… јасно е – паѓа надолу, а не сме падобранци, и надолу не е гравитациски повик.
Овој свет во кој ние живееме, овој свет во кој нашите деца утре ќе се одлучат, а можеби и не да создадат семејства, воопшто нема да ме чуди ако се отфрли семејниот систем со оглед на тоа колкав е порастот на промискуитетното однесување кое доведе до светски страв, од чии канџи тешко се излегува.


Стравот не е алатка, туку цел концепт како да се понижи човекот и не делува само како страв од смртта, од летање, од загуба на близок.

viber image 2023 02 23 07 32 32 721


Сѐ уште стравот ви звучи наивно?


Светот го тресат земјотреси, под чии урнатини ретко некој извлекува жива глава, за жал, ама е вистина. Статистиката запишува бројки, семејствата оплакуваат- две спротивни акции.


Што можеме да сториме? – Да го пронајдеме нашиот талент и да се трудиме да бидеме најдобри во нашите намери – ако не беше болката, на човекот ќе му беше одземено правото да расте во животот и да еволуира.


Животот е непредвидлив, неопходно е да се сфати како таков за да се отфрлат сомнежите со кои е опсипано секојдневието и создавање на златни телиња, само поради тоа што сакаме да јадеме лубеница во февруари. За сѐ има точно определена доба.


„Расте бројот на загинати…“ – медиумската ударна вест, забрзана срцева работа, лачење на кортизол, па оксидативен стрес, панични напади, страв од работи кои би можеле да се случат, а не можеме ништо против нив, борба со ветерници.


Читај бе : Изгасни го рутерот од интернетот и престани да скролаш секакви недоквакани изјави и делумни видеа. Излези надвор, и да го парафразирам Есенин – оди до болница, лудница и на гробишта, ако не си таму, значи си жив. А штом си жив имаш можност да делуваш да се промени светов, за почеток оди на забар, па почни да се грижиш за нешто – посади цвеќе.

viber image 2023 02 23 07 32 43 407


Што е правилно? – Најверојатно она поради кое сопствената совест нема да ве изеде заедно со налепениот шлајм на ѓоновите на патиките од асфалтот – затоа што никогаш ниту ви текнало да плукате или да си го чистите носот на јавни места каде некој на некого може да му пренесе нешто.


Што е прифатливо? – Да се убие овцата или кравата….затоа што сте алергични на лактоза.

meblo trejd - aparati
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…