Тој беше гениј. Никогаш не живеел според правилата. Пиел повеќе отколку што му било дозволено, имал повеќе љубовници отколку што било дозволено и не живеел како што некој би препорачал. Не пишуваше за пријатни работи, туку за суровата реалност што е насекаде околу нас. Ова се само дел од брилијантните цитати од Чарлс Буковски, еден од најинтелигентните и најдуховити писатели.
- Мораш да умреш неколку пати пред да почнеш вистински да живееш.
- Проблемот на светот е во тоа што интелигентните луѓе се полни со сомневања, а глупавите се полни со самодоверба.
- Луѓето кои сите ги сакаат не го менуваат светот.
- Светот ќе го спасиме, така што ќе спасиме еден човек – останато е грандиозна романтика или политика.
- Мислам, да претпоставиме дека сè е бесмислено, тогаш тоа навистина може да биде бесмислено, бидејќи сте свесни дека е бесмислено и таа свест за бесмисленоста самата по себе дава некоја смисла. Знаете на што мислам? Како некој оптимистичен песимизам.
- Кога ќе се случи нешто лошо – пиеш за да заборавиш. Кога ќе се случи нешто убаво – пиеш за да прославиш, а ако ништо не се случува – тогаш пиеш како нешто би се случило.
- Ако сакате нешто да направите – одете до крај. Во спротивно немојте ни да го започнувате нештото.
- Сите ќе умреме, сите, каков циркус. Тоа е доволно да нè натера да се сакаме еден со друг, но не го правиме. Се тероризираме со глупости едни со други.
- Некои луѓе никогаш не полудуваат. Каков живот всушност живеат- страшно.
- Мојата амбиција е хендикепирана мрзливост.
- Она што е лошо и она нас што нас нè учеа дека е лошо, се две различни работи. Системот нè учи како одредени работи се лоши за да нè држи под контрола.
- Разликата меѓу диктатура и демократија е тоа што во демократијата прво гласате, па добивате наредби, додека во диктатурата не морате да губите време на гласање.