marija trifunova

Сакаш да се движиш само по права рамна линија, и тоа по можност да не се движиш ти, таа да те движи тебе, да си на подвижна лента, правец право и никакво скршнување.

Те движи лентата по патеката на ‘сите’, ама оние ‘сите’ кои се како ‘едно’ само под линијата (во колоната означена со минус). Во таа колона, буквите изустени треба да си имаат одреден ред, главна дискусија – сопружниците не треба да ви чинат, треба да ги имате ама само за да мрчите за нив пред тие ‘сите’. Па и не само за тоа, веќе кога почнувате да ја везите низата на бисери ‘рѓосани (знам дека бисерите се скапи оти не рѓосуваат ама овие се посебните) продолжете ја и за сѐ друго (и да не ви текне нешто – измислете си, без гајле и така можи), мрачи за сѐ и за секој што не е како тебе а е слика на подоброто што ете можно е да се биде. Не само мрачење со збор, продолжи и со нискоинтелигентни дела. Телото (она кое по краткиот престој над земјата гние под неа) завиткано во партали платени со повеќецифрен број треба да е, очите покриени со рамки кои вриштат некакво си име познато на сите, ама одговорот на ‘зошто е тоа така’ е равенка со бесконечни непознати па и од никој непобарани. Во умот на тие ‘сите’ зуе само ,,за да се вклопам”.

Зошто ле душичке? Зошто одиш таму, само право, кај ‘сите’? Каде да се вклопиш? Зоштото и не е толку битно, а кадето е неопходно, одговорот на ‘каде’ е насушен за постоењето твое. Затоа, пред да ја прегрнеш гравитацијата и чекорот да те закова во една точка в место, на лентата што ќе те движи право, на лентата каде што нема место за ‘јас’ оти таму е веќе гужва, таму се ‘сите’, прашај се, на кое оро сакаш да се фатиш? Со кој сакаш да играш, со орлите или со петлите?

Скалила изградени од одлуки што водат или нагоре или надолу, трето нема – тоа е дефиниција за животот. Одбери и тргни и ќе стигнеш во (не)нормалното или (не)моралното – термините ставени на вага иста мера ќе кажат. Стоење в место нема, да не се лажеме. Ако застанеш, присилно ќе те придвижи толпата од ‘сите’ кои се движат по линија на помал отпор, нема да ти треба голема сила, не го затегнуваат многу ластикот оти лентата ги движи, ама па физиката тврди дека и нема далеку да се стигне, помал отпор – побрз пад.

Совреме одбери.

Нема лоши времиња, ни лошо место, лош свет. Ако забележите, по некоја неслучајна случајност, дека сте закоени во една мртва точка, сменете ги околностите (читај личностите) околу вас. Од трските не можете да уживате во вистинскиот поглед, не можете да видите дека до врвот на планината и не останал многу долг пат, само е стрмен и со скршнувања и со сопнувања и угорница е, ама за да се разбудиш, вреди.

Ако нешто не штима, отараси се од луѓето со кои го дишиш денот и оди понапред, ќе најдеш воздух и за величината што ќе ѝ одговара на твојот ум.

Кој разбра – разбра. Што би рекол еден мој покоен професор по физика ,,На здравје да ви е муциња и ај чешит да е денот!”

П.С. Гратис лекција по физика!

,,Според Њутн, силата е способност да се предизвика забрзување на масата.

Прв Њутнов закон: Ако на еден предмет не делува сила, тогаш брзината е постојана. Предметот или мирува (брзината е еднаква на нула) или пак се движи со постојана брзина во една, единствена насока.

Втор Њутнов закон: Стапката на промена на линискиот импулс е еднаква на вкупната сила на предметот.

Трет Њутнов закон: Кога едно тело дејствува со сила F1 на второ тело, второто тело истовремено дејствува со сила на првото тело F2=-F1. Ова значи дека F1 и F2 се еднакви по големина но со спротивни насоки.”

Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …
jk zima

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Македонскиот идентитет во 21-ви век: Што значи да се биде Македонец?

Да бидеш Македонец денес, не значи да припагаш на географска територија именувана…