marija trifunova nas1

Чудни ми ти времиња. Некои си луѓе или скоро сите си мислат дека светот го вртат тие, дека Сонцето поради нив свети. Тврд орев биле од кој можело империи да се изградат. А кутрите, загреота, без вредност апсолутно никаква, оти ништо значајно не направиле, ни со прст во животот не мрднале, а не па чекор да направат за барем една ронка квалитет на себе да изградат. Шупливи внатре цели, слабаци, и без да ги допреш, само да дувнеш покрај нив ќе се распаднат во локва солзи. Солзите ги користат за некој да плете за нив зборови тажачки, главен лик во жалопојки им е животна цел, а мислат тие дека светот го изградиле. Да беше така, немаше да има свет во кој ќе постоиме.

Баба ми вели: испружи си ги нозете колку што ти е долга чергата пред тебе.

Ако немаш черга, а немаат, мора прво третина живот да поминеш за сам да си ја сплетеш за да не ја валкаш со твоите нозе чергата на тој до тебе и да мислиш и ти колку него можеш да одиш. Секој треба да си ја сплети сам и да си е свесен за вредноста своја ама онаа во реалноста во која постоиме, а не измислената во главата која е обратнопропорционална со сега. Нема место на туѓа черга, она што ќе го вложиш тоа и како бумеранг ти се враќа (она што ќе си го посееш тоа и ќе си го жнееш).

А вложувањето скапо се плаќа. И за една черга да биде долга треба време и сила, конци и алати, а не солзи, лелеци и нетипично човечки крици.

Светот сам по себе си се ништи, оти ЈАС знам а ти не, а и ти си мислиш така, како во огледало одраз секој на секого е, а за себе најпосебен и најразличен си мисли дека е.

Иронијата поголема никогаш не била, а ‘значењето’ ретко во нечиј денешен речник на поимање присутно да е. Неукост, површност, безличност и бесмисленост опијати се кои редовно се инхалираат, преку воздухот претпоставувам, оти кога еден ги издишува другиот до него ги вдишува и пребрзо во себе ги умножува. Веќе од дамнина главен загадувач во општеството ни е предозираноста со ЈАС.

И за крај (навистина се надевам дека за скоро безумието ќе си го запознае крајот) останавме само да претаме и да ја шириме ионака распространетата реа длабоко во утробата на ѕверот наречен неукост. Одвреме навреме доаѓа по некој бран надеж дека и ѕверот ќе се затруе – знаете она кога телото ќе се презасити од отрови и штеточини па се прогласува труење на организмот и самото си го бара чарето и од некоја страна го фрла отровното за да си олесни. Е таква е, а различна не е, и денешната состојба на човештвото, само што во овој свет на нелогичнисти, сѐ обратно мора да е, неписмените ги изедоа писмените, неспособните (колку иронично и да звучи) со својата единствена способност за камуфлажа, ги запоседнаа и господари станаа на чергите на оние кои со сопствените жртви ги создадоа, жртви во различен облик дале – од мигови полеани со радост пропуштени, до ноќни часови соништа неисонувани поради труд за повисоки цели.

Се заокруживме (да, точно прочитавте) се заокруживме себеси со прости и површни работи. Пуштаме да брчи телевизор цел ден, а од таму се слуша и што е уште полошо се вгнездува со свеста наша само прост, дебилен јазик. Да, јазикот е веќе преупростен што не верувам дека постојат повеќе од 50 думи и со тие истите сѐ се кажува, односно се распространува ништото оти само празно е она ветерот што го сее. Не ни може нешто да се каже, длабочина со празен ветер не може да се создаде. Се заокружиме со она што светка од телефоните од кои прстите ни се искривија и тоа поради тоа светкавото темнина и гнилеж на кое изворот му е. Се заокруживме само со површни, материјални и безначајни работи, само надвор да гледаме, кон другото и другите, а никако кон себе, а не па длабоко во себе – тоа сега што е? Апстрактен поим, ако некој воопшто за думата ‘апстрактно’ поим има што е, тоа веќе во друга димензија диши, а ние само оставаме ветер да нѐ дува во местото каде се заокруживме – точка. Да, во точка заглавени сме, не е ни круг, ни линија, тоа далеку е, за да има простор треба и да се мисли, ама и тоа ‘мислење’ сега па што ли е. Ние сме заглавени во точка, во една шуплива точка, ако точката шуплива може да е, оти за да е точка мора нешто да има, а шупливо обратно од имање е. Ама па веќе и во насловот спомнав, пародија на смислата се вика, па кога веќе сѐ околу нас, спротивно од реката тече, и ние може заглавени во една шуплива точка да сме. Ова писание мое, складно со насловот, а и со животот или она што мислиме дека живот е моментално, е, а сепак е целосно нескладно. А нескладно е нешто што обратно на текот на правилното се вее.

Од ЈАС веќе одамна се затрувме, веќе она себеси доживеа целосно труење на битисувањето оти нели ЈАС сум и ЈАС знам и веќе не се трудам оти нема ни што, а ниту па од кој друг да научам и затоа светот отупен стана и се разболи, се заокружи и во една точка шуплива заглави.

А јазикот, мислењето, значењето, постоењето, длабочињата – сѐ, веќе во огнот на ништењето фрливме. Самите себеси се изништивме, од ЈАС и СЀ до шупливата точка на ништото стигнавме.

Дијагноза: Себетруење

Причинител:  ЈАС како најсилна основна состојка во себетруењето

Терапија: Чекор надвор од точката, два чекори внатре длабоко во себеси, во тишина, со светлина и самотија.

Со помин да е!

Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …
meblo trejd bravi

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Во новата година изберете ги оние кои ве избрале вас

Пишува: Маја Богоевска Како добриот и кроток човек станува лош? Кога во…