Разговараше: Сара Трајчевска

Брендот „ТАО” креиран за прв пат од Александар Ортак сега имаме можност да го видиме во ново и посебно издание. Младиот дизајнер со својата визија во која се вложени огромен труд и работа конечно ја достигна реализацијата на сонот, за која дизајнерот мечтаел уште од мали нозе. Овој пат, Ортак, ни ја претставува новата колекција со свечени тоалети и воодушевувачки модни парчиња, за сезоната Пролет-Лето 2022. Патот од една идеја до нејзината реализација е веќе познат за Александар и токму оваа длабока верба, желбата за успех и посветеноста кон модниот дизајн го олеснија патот до развитокот на брендот ,,TAO”. Во денешното интервју со Александар Ортак за Читај бе, не само што ви откриваме детали од новиот проект ,,ТАО SS 22- Evening Gowns”, туку и мотивирачки искуства и пораки кои се однесуваат на целата млада и возрасна публика за тоа како една визија која ја носиме длабоко во нас утре може да стане реалност.

Читај бе: Александар, многу ми е мило за развитокот на твојот доста креативен бренд, кој ги освежи нашите погледи кон модата и модниот дизајн. Колку време ти беше потребно за подготовката на новокреираната колекција и низ што се помина како психички, така и физички, додека не ја претвори визијата во реалност?

278311681 961198564542517 1119691198238253176 n

Александар: Прво, благодарам за прекрасните коментари. Новата колекција – свечени тоалети, започнав да ја подготвувам веднаш по објавувањето на првата колекција „22″. Уште пред лансирањето на брендот замислата ми беше таа, да започнам со  ready-to-wear колекција, а веднаш потоа да ја претставам и другата страна на брендот – свечените тоалети. Самата колекција е замислена како оne piece колекција, што значи секој модел е уникатен и во продажба е пуштено само по едно парче. ТАО е моден бренд за Ready-to-wear – Колекциски дизајнирани парчиња облека за општа употреба и

Custom-made – Индивидуални нарачани дизајни за одреден клиент. Што значи се занимава со дизајн и изработка на секаков вид облека, за било каква пригода, од  улична мода до црвен тепих.

Да се претвори визијата во реалност е секогаш предизвик, посебно за перфекционист како мене. Но, за секој уметник, процесот на создавање на нова креација/дело, претставува нова возбуда и уживање. И нема подобро чувствуво од тоа кога ќе си го видиш своето дело преточено во реалност, особено кога се ќе испадне онака како што си планирал.

Читај бе: Кои се твоите лични сфаќања за уметноста и каде би можеле да го сместиме модниот дизајн во сето тоа?

Александар: Уметноста за мене претставува искажување на своите идеи, фантазии, имагинации, и нивно преточување и претставување во физичка форма. Модниот дизајн,  како и секој дизајн, е нераскинлив дел од уметноста. Дизајнираните парчиња облека за мене претставуваат уметнички дела за човечкото тело.

Читај бе: Што е тоа што те прави поразличен од останатите модни дизајнери и кој би бил твојот придонес сега, а и во иднина?

Александар: Секој дизајнер-уметник, со своите нови и уникатни идеи придонесува за модата и уметноста. Следењето на чувствата и претставувањето на својата визија е она што не прави посебни. Оригиналноста е тоа што не издвојува и остава печат во наше име. И тоа е она што го следам како идеја-водилка додека создавам со ТАО.

278443306 143440538183692 14015699632669980 n

Читај бе: Модата се вбројува во едно од нештата без кои не би можеле да си го замислиме 21-век, можеш ли да ни направиш мала компарација, споредувајќи ги минатите модни парчиња со сегашните? Што сé се променило и што сé мислиш дека ќе се промени во иднина?

Александар:  Модата е незаменлив и неизбежен дел од нашите животи, од секогаш била, и ќе биде. И таа како и сé друго во општеството претрпила безброј промени низ годините. Но едно е сигурно, колку новитети и да се појават во модата, таа секогаш знае да се наврати на минатото и со мали, но значајни промени, да врати нешто што некогаш било ин, а се заборавило со текот на времето. Модата е една од оние дисциплина кои учат и црпат инспирација од сопственото минато, од своите успешни, но и помалку успешни дела. Според мене модата постои за да нé инспирира и да ни помогне во надградбата на нашиот стил, а не да се следи слепо.

278508581 516939030159478 2977897836429718827 n

Читај бе: Во секоја професија важи правилото на привлекувањето и верувањето. Може ли да ни откриеш дел од случувањата или емоциите во твојата внатрешност пред ТАО да биде целосно креиран?

Александар: Емоции и случувања безброј и како и се друго во животот, ги има и позитивни и негативни. И баш тој микс на искуства создава убави и вредни нешта. Создава спомени, но дава и значајни лекции, кои се паметат цел живот.

Читај бе: За крај, би сакала кратко да ги мотивираш нашите читатели за правилото на постигнување на целта?

Александар: Правила не постојат. Правилата сами ги создаваме. Само бидете свои и никогаш, по никоја цена не се одкажувајте од своите соништа колку да ви изгледаат лудо и нереално.

Реализиран проект на КИЦ: изложба на македонски и канадски графички уметници во Битола и Торонто
Културно информативниот центар од Битола оваа година реализира капитален проект од графичката …
Излезе од печат 13. број на Списанието „Современи дијалози“
Излезе од печат Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и …



Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…